Македонија
Антонијо Милошоски смета дека пратеникот на Беса е во Бугарија
Пратеникот на Беса, Кастриот Реџепи, кој одлучи да не гласа за недоверба на Владата и денеска не се појави во Собранието, наводно се наоѓа во Бугарија, бидејќи од таму е најавен на социјалната мрежа „Фејсбук“.
Вакво тврдење изнесе пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, што на социјалните мрежи го поткрепи со слика од администраторската алатка на социјалната мрежа.
„Заев има пари и фирми и имот во Бугарија. Кастриот Реџепи е логиран на ‘Фејсбук’ во Бугарија. Дали е однесен, пренесен, превезан, натоварен, убеден, уценет или присилен, знаат само Заев, ДУИ и тој“, напиша Милошоски на социјалните мрежи каде ја објави и сликата на која се гледа дека пратеникот на Беса, наводно, се најавил на „Фејсбук“ од Бугарија.
Лидерот на Беса, Билал Касами, пак, изрази сомнеж дека неговиот пратеник Кастриот Реџепи не доаѓа на седница бидејќи негде се држи присилно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

