Македонија
Апасиев најавува предлог-мерки за реформа на банкарскиот сектор, ќе бара и канцеларија во Собранието
Пратеникот од Левицата, Димитар Апасиев, најави дека партијата набгру ќе предложи мерки за реформа на банкарскиот сектор по случувањата со Еуростандард банка. Тој вели дека уште денес ќе оди во Собранието и ќе бара да му биде доделена канцеларија бидејќи СДСМ толкува дека парламентот е конституиран. Во тој случај, според Апасиев, по закон се должни да им обезбедат соодветни услови за работа, а не да чекаат во ходниците.
На социјалните мрежи Апсиев пишува дека подмолната игра за пропаста на Еуростандард банка и тргувањето со инсајдерски информации од страна на гувернерката и на министерката за финансии ќе биде тригер за иницирање голема реформа на банкарскиот сектор преку она што тие го нарекуваат антилихварско законодавство.
„Овие мерки ќе бидат предложени најбргу што може од страна на пратениците на Левицата со цел ослободување на народот од должничкото ропство спрема алчните банкари“, пишува Апасиев.
Меѓу мерките што ги предлага Левицата се воведување државна комерцијална банка за бескаматно кредитирање на населението, а преку која вработените во јавниот сектор ќе ги примаат своите плати. Понатаму, зауздување на банкарскиот сектор преку намалување на вишокот ликвидност на банките и ограничување на екстра профитите и бонусите на банкарите.
Левицата ќе предложи и ограничување на банкарските провизии, воведување максимални каматни стапки, како и намалување на казнените камати.
Апасиев вели дека од следната недела ќе се консултира со еминентни професори од економските факултети во Македонија за да стават крај на оваа правна несигурност, која илјадници сограѓани преку ноќ ги доведува на работ на нервен слом и им ги уништува животите, а ниту еден банкар досега не одговарал кривично за она што го предизвикал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Какво ќе биде времето за дочекот на Новата година и 1 јануари
Времето утре ќе биде сончево и студено, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Во Скопје се очекува претежно сончево и студено време, со умерен северен ветер.

Прогноза за 1 јануари
Минималните температури ќе се движат од -12 до -2 степени, додека максималните ќе бидат од -1 до 7 степени Целзиусови. Времето ќе биде претежно сончево и студено, со слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Македонија
„Дали на Бихаќка Нова година ќе си честитаат по дубајско време“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ
„Откако лидерот на СДС, Зоран Заев одамна се смести во Дубаи, а Венко Филипче побрза да избега кај него за празниците, се поставува прашањето дали на Бихаќка Нова година си честитаат по дубајско време како нивниот лидер и неговиот намесник Филипче?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„А дали и овој пат на забавата главна ѕвезда ќе биде Харис Џиновиќ или некоја друга балканска турбофолк „ѕвезда“ и кој од раководството одбрано од Заев, тоа ќе се види на снимките како што и претходно видовме како Филипче радосно го снима неговиот лидер додека се забавува.
Веројатно дека покрај Новата година, во Дубаи на забавата веројатно ќе се прославува и нивната инвестиција 42-катница, нешто што повеќе пати е потврдено како од намесникот Филипче и СДС, така и од сведоштвото на поранешниот соработник на Зоран Заев, Тома Аврамски.
Воедно остана неодговорено како Филипче од докторска плата „собра“ пола милијарда евра затоа што толку се потребни за добивање златна виза во Дубаи преку инвестиција или бизнис, бидејќи досега не видовме доказ дека златната виза ја добил на поинаков начин, иако викаше дека ќе покаже. Македонската јавност чека одговори“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
(Видео) Зајкова: Реформи за Судски совет донесени на брза лента не градат доверба
Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, остро реагираше на начинот на кој се носи новиот Закон за Судскиот совет, предупредувајќи дека реформите „на брза лента“ не можат да ја вратат довербата во правосудството.
Според Зајкова, предложениот закон не носи вистински напредок во процесот на избор на членовите на Судскиот совет, бидејќи конечната одлука повторно ја има Комисијата за избор и именување во Собранието.
„Нема ранг-листа, туку само листа на кандидати. Тоа значи дека Комисијата може слободно да одлучи кој кандидат ќе биде избран, без јасни критериуми и редослед. Така и 15-тиот на листата може да стане прв“, предупреди Зајкова.
Таа потсети дека, според препораките на оценската мисија, неопходно е формирање посебен жалбен совет кој ќе одлучува по приговорите во процесот на избор – нешто што со овој закон повторно се игнорира
Иако Министерството за правда тврди дека со законот се заоструваат критериумите за избор на членови, Зајкова посочи дека суштинскиот проблем останува – политичкото влијание врз судството.
„Клучниот проблем е политичкото мешање и диктирањето на пресуди, нешто на што сите сме сведоци. А кога веќе зборуваме за дигитализација, да не заборавиме на АКМИС системот и сите обвиненија поврзани со неговата злоупотреба“, истакна таа од собраниската говорница.
„Добро е што зборуваме и за реформска агенда, но жално е што изгубивме време и средства за на крај повторно да носиме закон без доволна дебата. Очекувам во иднина да имаме подобар Кривичен законик, потранспарентни постапки и ако ништо друго, повеќе време за суштинска анализа на системските закони кои влегуваат во Собрание и подобрување на законските решенија“, заклучи Зајкова.

