Македонија
Арсова: Мијте ја косата, коронавирусот се пренесува и преку неа
„Ковид-19 може да се пренесе на косата, со допир или по пат на капки во воздухот“, вели трихологот д-р Елена Арсова. Таа потенцира дека треба да бидете внимателни, на пример, додека чекате во редот во маркет да не ја допирате косата, но исто така да внимавате да бидете на дистанца од другите на 2 метра.
Освен што треба да ги миете рацете, треба да ја миете и вашата коса доколку сте биле излезени надвор од својот дом. Со самиот факт дека речиси секоја жена несвесно констатно ја допира својата коса, со тоа и ги зголемува можностите за пренос на вирусот.
„Коронавирусот ни е познат само неколку месеци, така што немаме доволно информации за неговиот капацитет на преживување. За сега е познато дека може да остане активен во воздухот неколку часа, а на разни површини до неколку дена. Иако уште нема точни информации за тоа колку долго може да опстане на косата, но факт е дека може да преживее на влакното пократко отколку на мазни површини. Сепак, вирусот може да се пренесе од коса на лицето, носот или очите на два начина: кога прамните коса ни паѓаат директно на лицето или кога со прстите ја допираме косата, а потоа лицето, носот или очите“, објаснува д-р Елена Арсова, трихолог и сопственик на Hair Clinic Beograd, и потенцира дека вирусот најчесто се пренесува преку прстите бидејќи во текот на денот со прстите допираме најмногу површини, несвесно, а потоа своето лице.
Миењето на рацете со сапун е најдобар начин да го деактивирате коронавирусот, дури поефикасен од употреба на средства за дезинфекција. На ист начин со миењето на косата со адекватен шампон можете да го уништите Ковид-19 на влакното.
„Важно е кога ќе избирате шампон за вашата коса, треба да го земете оној што содржи SLS (Sodium Laureth Sulphate), кој е одличен сурфактант. Сурфактанти се молекули што имаат амфифилни својства, односно врзуваат и масти и вода. На пример, ако во еден сад ставиме масло и вода, тие нема да се помешаат. Но, ако додадеме детергент, сапун или шампон, ќе дојде до дисперзија на маслото затоа што амфифлите фактички го разградуваат маслото на мали честички“, додава Арсова.
Таа препорачува да останете дома, сè што ви е потребно да го набавите онлајн и така сите заедно да го победиме Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

