Македонија
Арсовска со стопанствениците: Достапни општински служби и подобра инфраструктура

Добро ми се познати проблемите и пречките со кои се соочувате при водењето на вашите фирми. Ако некој ве разбира, тоа сум јас и ќе се борам за вашите интереси како да сум дел од фирмата затоа што знам колку е тешко во денешни услови и во град, каков што е моментно Скопје, да се работи, да се води фирма и да се обезбеди егзистенција за вработените, истакна кандидатката за градоначалничка на Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, на денешната средба со сопственици на индустриски објекти во општина Аеродром.
„За секој проблем има решение и начин како фирмата да продолжи да расте и да се развива. Едно такво решение е 24 часа достапна општинска канцеларија за сите ваши потреби, да завршувате работа без губење време и непотребни чекања. Како што им помагав на сите фирми волонтерски што ги водев, така ќе продолжам и понатаму затоа што ги знам и разбирам сите овие работи и како градоначалник на Скопје нема да дозволам да не можете да завршите работа за вашите фирми“, им порача Арсовска на стопанствениците.
„Потребни се добри сообраќајни решенија, не можеме да стигнеме до тука, се прават недогледни колони и метеж насекаде, автобускиот превоз што ги носи вработени е спор и нередовен. Сето тоа се одразува врз нашата работа и врз функционирањето на фирмите“, ги истакнаа стопанствениците своите проблеми.
Уште додадоа дека нефункционална инфраструктура, лошата патна поврзаност со другите делови на градот, комуникациските врски, се клучните точки поради кои последици трпат малите и средните фирми. Тие се пожалија дека нема осветление на улиците и покрај тоа што плаќаат иста комунална такса како и сите, а и не се чисти доволно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Меџити побара од хирурзите да оперираат за викендите без надомест за да се намали листата на чекање

Министерот за здравство Фатми Меџити ги повика хирурзите од сите специјалности доброволно да оперираат за викендите за да ги намалат листите на чекање.
Тој ги повика неговите колеги, без надомест да покажат хуманост, исто како што беше примерот на кардиохирурзите од Ниш, кои од почетокот на годината во саботите и неделите оперираа пациенти.
„Дајте тоа што беше позитивна приказна во Ниш да ја повториме тука. Да ја ревидираме таа листа на чекање, на операции. Да направиме и ние такво хумано дело со цел да не чекаат толку долго пациентите. Да покажеме дека еве, сакаме да направиме нешто повеќе за општеството, како општествена одговорност. Пред сѐ, ние сме хумани лица“ изјави Меџити.
Македонија
(Видео) Северина направи гужва на „Рузвелтова“

Поради концертот на хрватската пејачка Северина, вечерва во клубот „Мош“ во Скопје, настана хаос во сообраќајот на улицата „Рузвелтова“
Колона возила и нервозни возачи се движат и по булеварот „Илинден“. Според очевидци, на врата се чекало од 18 часот за влез на концертот на Северина.
Сообраќајот е целосно во застој, а полцијата ги брка сите што застануваат барајќи паркинг место.
Македонија
Змија во центарот на Скопје:„Ништо не е искосено, права џунгла“

Змии шират паника кај скопјани. На социјалните мрежи е споделена фотографија од змија, која, како што е наведено, се појавила на паркинг во центарот на Скопје.
„Змии шетаат во Центар. Ништо не е искосено, права џунгла е“ пишува во еден од коментарите под фотографијата.
Засега нема информации за каков вид на змија станува збор, но луѓето треба да бидат внимателни во овој период кога температурите се повисоки и змиите излегуваат.
Змија вчера беше забележана на кејот на Вардар, каде има поголемо движење на луѓе. Претходно змии имаше и во Аеродром, а ист проблем беше и лани кај МНР.