Контакт

Македонија

Арсовска ја назначи Бујаре Абази за заменик-градоначалничка

Објавено пред

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, ја назначи Бујаре Абази за нова заменик-градоначалничка.

Арсовска денеска свечено го врачи решението, при што на средбата со Абази дискутираа за идната соработка и за предизвиците со кои се соочува градот.

Бујаре Абази е дипломиран инженер на Факултетот за комуникациски науки во Загреб, а има и дополнително високо образование како дипломиран економист.

Абази е избрана за член на Советот на Град Скопје на локалните избори што се одржаа во октомври.

 

Македонија

Герасимовски: За 100 семејства по 7000 денари парична помош за новороденчиња

Објавено пред

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски денеска посети дел од семејствата кои имаат принова и лично им ги врачи решенијата со еднократна парична помош во вредност од 7.000 денари.

Оваа недела Општина Центар исплати 100 решенија на барателите за остварување на правото за користење на парична помош за новороденче. Оваа парична помош, Општина Центар ја доделува редовно, во рамки на проектот на општината за првична помош и поддршка на родителите кои се жители на Општина Центар и имаат принова во семејството.

Општина Центар и понатаму ќе продолжи да реализира проекти од областа на детската заштита и да се грижи за најмладите, кои претставуваат најголема радост за секое семејство, велат од таму. Согласно Правилникот за добивање на парична помош за новороденче, рокот за поднесување на барањето е 6 месеци од денот на раѓањето на новороденчето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Димитров: Токму европската интеграција е процес во кој гледам шанса за обединување

Објавено пред

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров како член на Националниот совет за европски интеграции при Собранието, денеска учествуваше на седницата на којашто во конструктивна атмосфера беа дискутирани наодите и препораките од Извештајот на Европската комисија за земјата во 2021 година.

Вицепремиерот Димитров истакна дека европските интеграции се процес што го обединува македонското општество.

„Една од ретките работи за кои што сите се согласуваме е токму европската интеграција и во овој процес гледам шанса за заедничка работа и обединување, особено тогаш кога ќе се отворат пристапните преговори ќе има шанса и позицијата и опозицијата да се мобилизираат во смисла на заедничко туркање, како што тоа го направија многу земји пред нас“, рече Димитров.

Во таа смисла, тој дополни дека како што произлегува и од наодите на Европската комисија, Северна Македонија е целосно подготвена за почеток на пристапни преговори и секое понатамошно одлагање дополнително го загрозува кредибилитетот на Европската Унија во целиот регион.

„Комисијата самата посочува дека Северна Македонија, мора веднаш да ги почне пристапните преговори бидејќи тоа е гео-стратешки приоритет и интерес на Унијата и дека секое понатамошно одлагање само дополнително го загрозува кредибилитетот на Европската Унија, и кај нас и во целиот регион. Со други зборови, граѓаните сé помалку им веруваат на декларациите и ветувањата на Европската Унија. Придвижувањето на процесот ќе биде потврда и дека пристапниот процес е процес кој подразбира проширување врз основа на критериумите за членство при што напредокот на секоја земја се мери според сопствените заслуги, а не со условувања и барања кои не се во линија, а често се спротивни на европските вредности – ако ЕУ е истовремено и заедница на вредности, а не само еден џиновски пазар“, нагласи Димитров.

Од аспект на напредокот, според него, имаме благо намалување на динамиката и средната оцена за истиот период изнесува 2,83, и очигледно е како што рече, дека ни треба поттик и почеток на пристапниот процес, што ќе влијае и на мотивацијата на службите, мотивацијата на државните службеници, и воопшто – ќе има потенцијал да ја смени комплетната политичка атмосфера во државава.

Меѓутоа, дури и овој Извештај, нагласи Димитров, покажува дека пристапниот процес не е магично стапче и нема да ни ги смени работите преку ноќ.

„Тоа што тоа се одложува, прави еден впечаток дека штом тоа се случи работите ќе се сменат преку ноќ, но тоа не е така. Работата дома апсолутно зависи само од нас. Контекстот е битен, перспективата е битна, ентузијазмот е битен меѓутоа оваа работа, организацијата на македонското општество дефинитивно зависи од нашето општество. И барем за оваа работа мислам дека имаме апсолутен консензус и од малите до големите политички чинители“, потенцира тој.

Коментарите на вицепремиерот Димитров наидоа на прифаќање од останатите членови на НСЕИ кои што едногласно порачаа дека крајно време е ЕУ да ги започне пристапните преговори за членство. На седницата присуствуваа и заменик-шефот на Делегацијата на ЕУ – Џулијан Васало, и амбасадорот на Словенија – Милан Предан, како претставник на словенечкото претседателство со Советот на ЕУ.​

Прикажи повеќе...

Македонија

Љубица Јанчева: Со поништувањето на јавниот оглас, Арсовска спречи вработување на 20 пожарникари

Објавено пред

„Данела Арсовска го поништи огласот со кој требаше да се вработат нови 20 пожарникари во Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. Овој однос на деструктивната Арсовска е против интересите на граѓаните на Град Скопје и на штета на Бригадата за противпожарна заштита”, изјави на денешната прес конференција Љубица Јанчева, координатор на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје.

Според Јанчева и покрај очигледниот недостиг од пожарникари во Град Скопје, Арсовска поради лични каприци поништува јавен оглас кој бил на крајот од процедурите и со кој требало да се вработат 20 нови пожарникари.

„Во изминатите четири години Град Скопје, раководен од Петре Шилегов и СДСМ, сериозно инвестираше во унапредување на условите за работа на пожарникарите.
Платата на пожарникарите се покачи за 20 отсто, а се инвестираше во нова современа опрема за поголема заштита и поефикасна работа на пожарникарите.” изјави Јанчева.

Координаторката на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје наведе дека со ваквиот однос Арсовска дејствува опасно кон Бригадата за противпожарна заштита и ја загрозува општата безбедност во Градот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

Димитров: Токму европската интеграција е процес во кој гледам шанса за обединување

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров како член на Националниот совет за европски интеграции при Собранието,...

Македонија20 минути

Јован Деспотовски поднесе кандидатура за претседател на СДСМ

Денеска во седиштето на СДСМ, кандидатура за внатрепартиските непосредни избори поднесе Јован Деспотовски, информираат од владејачката СДСМ. „До Централната изборна...

Македонија2 часа

(Видео) Со највисоки државни почести преземени телата на загинатите – семејствата во тага и неверување

Со највисоки државни почести беа преземени телата на 45 македонски државјани кои трагично го загубија својот живот во автобуската несреќа...

Македонија3 часа

(Видео) Пристигнаа останките од трагично загинатите во автобуската несреќа

На Меѓународниот аеродром во Скопје пристигнаа двата авиона со останките од трагично загинатите патници во автобуската несреќа во Бугарија. Полетувањето...

Забава4 часа

Алек Болдвин навестува крај на кариерата по фаталното пукање

Алек Болдвин откри дека неговата актерска кариера најверојатно е завршена по фаталниот инцидент во кој загина снимателката Халина Хачинс на...

Свет5 часа

По Шаленберг, оставка најави и министерот за финансии на Австрија

Австрискиот министер за финансии, Гернот Блимел, најави оставка. Неговата оставка следи откако лидерот на Народната партија на Австрија (ОВП), Себастијан...

Свет5 часа

Стапија на сила санкциите на САД, ЕУ, Британија и Канада кон Белорусија

САД, Европската Унија, Велика Британија и Канада воведоа нови санкции за белоруски физички и правни лица. САД воведоа ограничувања за...

Свет16 часа

Омикрон има способност да избегне имунитет од претходна инфекција со коронавирус, предупредуваат научници

Омикрон има значителна способност да избегне имунитет од претходна инфекција со ковид, покажува првата вистинска студија во светот за ефектот...

Европа18 часа

Британија со речиси 54 илјади нови случаи во еден ден, највисока бројка по Европското фудбалско првенство

Велика Британија забележа 53.945 нови случаи на коронавирус – највисока дневна бројка од средината на јули по Европското фудбалско првенство....

Регион18 часа

Бугарските истражители: Познати причините за пожарот во автобусот во кој загинаа 45 луѓе

Познати се причините за пожарот во автобусот што се запали на автопатот „Струма“ во Бугарија. Ова го соопштија обвинителот Бисер...

Свет20 часа

Maж облечен како нинџа со меч нападна две полицајки во Франција

Маж облечен како нинџа нападнал со меч и повредил две полицајки во францускиот град Шербур, а досегашните податоци не укажуваат...

Македонија23 часа

333 нови случаи на Ковид-19 и 16 починати за 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.440 тестирања, а регистрирани се 333 нови случаи на...

Европа1 ден

Курц се повлекува од политиката: Не сум ниту светец, ниту злосторник

Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц се повлекува од политичкиот живот, објавија австриските медиуми. Курц денеска излезе пред новинарите и најави...

Економија1 ден

Цената на кесите да се зголемува постепено, примената на законот да се одложи, бараат стопанските комори

Заштитата на животната средина и одржливо располагање со ресурсите е важен општествен приоритет, но за оваа цел да биде реализирана...

Македонија1 ден

Јовески: Oбвинителите и судиите да работат непристрасно и професионално

Предизвикот на обвинителите и судиите во битката за обезбедување на владеењето на правото и еднаков пристап до правдата е секојдневен....

Европа1 ден

Зголемени тензиите на Западен Балкан, предупредува Столтенберг

Тензиите на Западен Балкан се зголемени , вклучително и во БиХ и Косово, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг....

Македонија1 ден

Сарафов: Идентификувани се сите 45 жртви од автобуската несреќа на автопатот Струма

Заменик-главниот обвинител и директор на Националната истражна служба Борислав Сарафов за БТА изјави дека веќе се идентификувани сите 45 жртви...

Свет1 ден

Гутереш: Затворањето на африканските граници поради омикрон е неправедно

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, рече дека затворањето на границите поради новиот сој на коронавирус омикрон е многу неправедно,...

Македонија2 дена

(Видео) Во СДСМ и во Алтернативата неделава партиски консултации за преговорите помеѓу Заев и Гаши

Се очекува до крајот на оваа недела да се обезбеди усогласување за влез на Алтернативата во Владата. Партиските тела на...

Македонија2 дена

(Видео) Имаме напредок, рече Гаши по средбата со Заев

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и претседателот на Алтернативата, Африм Гаши, по четири часа средба, заедно го напуштија Клубот на...

Досие