Македонија
Арсовски: Градоначалници на СДСМ од три општини дале 1,8 милион евра на адвокатското друштво на Миле Зечевиќ
Градоначалници на СДСМ од три општини дале 1,8 милион евра на адвокатското друштво на Миле Зечевиќ, молкот на партијата е потврда дека ги немаат аргументите да се бранат, молкот на партијата е потврда дека ги немаат аргументите да се бранат, изјави на прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Тој обвини дека граѓаните на град Скопје, скопјани, Пробиштип и Неготино плаќале данок за да може градоначалниците од СДСМ да го платат сегашниот генерален секретар на СДСМ по основ на паушали за адвокатура.
„Молкот на СДСМ е доволен показател дека ги немаат аргументите, па дури и кога ги немале аргументите, неаргументирано напаѓале, но сега бидејќи се свесни дека нема со што да се одбранат за ова, молчат. Зечевиќ по примерот на Калеска-Ванчева, најисплатливо им било да бидат закачени на општински и на јавните претпријатија преку паушали. Очигледно е дека најисплатливата професија во СДСМ е адвокатурата“, изјави Арсовски.
Како што додаде, на власта на СДСМ важен им е само личниот бенефит и да се наместат на позиции. Вели дека ВМРО-ДПМНЕ не очекува владејачката партија да излезе во јавност и да даде еден реален аргумент зошто најдобар избор за овие 3 општини бил генералниот секретар Миле Зечевиќ да биде адвокат или, пак, зошто во претходните 5 институции идеално адвокатско друштво било друштвото на Калеска-Ванчева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

