Македонија
Арсовски: Дали дел од 200.000 евра од ФИТР завршиле кај советник на СДСМ од Град Скопје?

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ го прашува директорот на Фондот за иновации, Коста Петров, дали дел од 200.000 евра од ФИТР завршиле кај советник на СДСМ од Град Скопје.
„Јавно прашуваме да ни одговори Коста Петров или кој било од СДСМ, дали едната од агенциите која земала од овие 200.000 евра за тендерот Бригада Дизајн, нејзино челно лице е Бојан Ивановиќ, имено советник од редовите на СДСМ во Град Скопје?“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Тој и вчера се осврна на оваа тема, коментирајќи дека Петров трошел 200 илјади евра за себепромоција, склучувајќи договор со две маркетинг агенции за да снима интервјуа и спотови во Фондот за иновации со државни пари.
Петров ги отфрли обвинувањата, тврдејќи дека видеата се направени во негова продукција и не се реализирани во рамките на договорите со маркетинг агенциите кои се споменуваат од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
Според Арсовски, тоа што Петров во своја одбарана вели дека договорот го склучил неговиот претходник, укажува дека ги трга рацете оти има нешто сомнително во овој тендер што, сепак, е склучен во период кога СДСМ е на власт. Арсовски нагласува и дека ако Коста Петров не ги користи услугите на овие две агенции и снима со сопствена продукција, како што тврди, зошто досега како директор не го не го ревидирал истиот договор и да го поништи да спаси 200.000 евра на граѓаните да не завршат непотребно во нечии џебови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Заев: Нема да дозволам блокада на Собранието

Одговарајќи на новинарско прашање за случувањата околу довербата на Владата, премиерот Зоран Заев рече дека вчерашната потврда за довербата во Владата, носи одговорност да се одблокира работата на Собранието каде што се закочени клучни Закони кои се во функција на развој на државата.
„Најважни се Законот за енергетска ефикасност. Енергетската ефикасност и заштедата е важна исто колку и инвестициите. Имаме 25 милиони евра за државните институции и 10 милиони евра за општинските институции, тоа значи обновување на детски градинки, обновување на школи, болници, спортски сали и слично. Вториот е 50 милиони евра од Светска банка за земјоделството, за откупни пунктови Струмица, Скопје и Ресен, ама најголемата суштина и придобивка на проектот е зголемување на продуктивноста во земјоделието, како од еден хектар со помалку трошоци да имаме поголемо производство, како да го осовремениме нашето земјоделство“, рече Заев.
Го објасни и третиот проект, трамвајот на тркала за Скопје, што според него ќе чини 70 милиони евра и за кој како што рече не треба да има потреба од натегање меѓу опозиција и власт.
„Сите да застанеме, брзо да го реализираме тоа. Да не зборувам за законите од областа на културата, на здравството, од петтиот пакет мерки за помош директно кај граѓаните. Тоа е недозволиво. Нема да дозволам како претседател на Влада блокада во Собранието“, порача Заев.
Премиерот најави дека во наредните денови следат и нови политики, со една конечна цел, како што рече, поголем напредок, зголемена ефикасност во државата, соработка, инклузија, кооперативнот на ниво на консензус.
Собранието вчера попладне и изгласа доверба на Владата, откако претходно тоа од пратениците усно го побара премиерот Зоран Заев.
Македонија
Девет починати и 721 новозаболен од Ковид-19 во Македонија

Во последните 24 часа се направени 3.323 тестирања, а регистрирани се 721 нов случај на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 357, Прилеп – 72, Кавадарци и Гевгелија – по 42, Неготино – 30, Охрид – 26, Велес – 20, Гостивар – 18, Куманово – 17, Битола – 16, Кочани – 12, Крушево – 10, Струга – 8, Штип и Богданци – по 7, Крива Паланка – 5, Кичево, Ресен и Валандово – по 4, Тетово и Виница – по 3, Струмица, Делчево, Демир Капија и Пехчево – по 2, Свети Николе, Радовиш, Пробиштип, Кратово, Македонска Каменица и Дојран – по 1.
Регистрирани се 1.753 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 750, Делчево – 120, Охрид – 97, Кавадарци – 85, Тетово – 80, Велес – 74, Струмица – 64, Гостивар – 57, Прилеп – 51, Битола – 42, Куманово и Кичево – по 38, Струга – 35, Штип – 25, Гевгелија, Ресен и Дебар – по 22, Крушево – 19, Неготино, Кочани и Демир Капија – по 15, Радовиш – 14, Крива Паланка – 12, Виница и Свети Николе – по 8, Богданци – 6, Македонски Брод – 4, Кратово – 3, Валандово, Пехчево, Пробиштип, Македонска Каменица и Берово – по 2, Дојран и Демир Хисар – по 1.
Пријавени се вкупно 9 починати лица – 3 пациенти од Скопје (85, 80, 69), 2 пациенти од Куманово (81, 74) и по 1 пациент од Прилеп (75), Велес (73), Крива Паланка (73) и Валандово (71). Осум пациенти се починати во болнички услови, а еден пациент е починат во домашни услови.
Направени се 3.323 теста преку: ИЈЗ – 679, ЦЈЗ Скопје – 131, „Авицена“ – 305, „Биотек“ – 317, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 180, „Систина“ – 272, лабораторија „Лаор“ – 176, МАНУ – 0, Судска медицина – 14, ЦЈЗ Битола – 78, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 3, ГАК – 0, „Синлаб“ – 113, „Ремедика“ – 22, лабораторија во болницата во Козле – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.029, УК Пулмологија со алергологија – 4, ГОБ „8 Септември“ – 0, лаборатории од странство – 0.
Досега во земјата се направени вкупно 533.505 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 105.269, бројката на оздравени пациенти е 93.942, на починати е 3.165, а бројот на активни случаи изнесува 8.162.
Според досега завршените епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (нови) Активни случаи (вкупно)
Скопје 357, активни 3.750
Куманово 17, активни 314
Прилеп 72, активни 663
Тетово 3, активни 246
Гостивар 18, активни 145
Штип 7, активни 102
Велес 20, активни 223
Кавадарци 42, активни 561
Битола 16, активни 183
Охрид 26, активни 404
Струмица 2, активни 158
Струга 8, активни 163
Кочани 12, активни 88
Кичево 4, активни 40
Неготино 30, активни 279
Гевгелија 42, активни 243
Свети Николе 1, активни 19
Крива Паланка 5, активни 106
Ресен 4, активни 47
Дебар, активни 21
Делчево 2, активни 66
Радовиш 1, активни 10
Берово, активни 30
Пробиштип 1, активни 31
Виница 3, активни 23
Валандово 4, активни 33
Крушево 10, активни 76
Богданци 7, активни 52
Кратово 1, активни 26
Демир Хисар, активни 22
Македонски Брод, активни 4
Демир Капија 2, активни 27
Македонска Каменица 1, активни 2
Пехчево 2, активни 4
Дојран 1, активен 1
Македонија
„Фајзер-Бионтек“ ќе ни достави вкупно 800.280 вакцини, овој месец ќе пристигнат првите 21.000

Компанијата „Фајзер-Бионтек“ во 2021 година на Северна Македонија ќе ѝ испорача 800.280 дози вакцини, а испораката ќе се одвива во 4 квартали, соопшти Министерството за здравство. Првата достава ќе биде овој месец, при што ќе бидат испорачани 21.060 дози вакцини.
„Компанијата „Фајзер-Бионтек“, производител на вакцини против Ковид-19, денеска до Министерството за здравство го испрати договорот за купување вакцини. Компанијата во договорот ги соопшти деталите за испорака на вакцините во текот на 2021 година.
Вакцините на производителот „Фајзер-Бионтек“ се спакувани во повеќедозажни вијали, од една вијала се вадат 6 дози вакцини. Вакцината се чува и дистрибуира на -70 степени, во обичен фрижидер од 2 до 8 степени може да стои 5 дена, а растворена да се чува 6 часа. Нашиот здравствен систем е целосно подготвен за прием и спроведување на вакцинацијата. Со вакцината на производителот „Фајзер-Бионтек“ веќе неколку недели се врши имунизација на здравствените работници, кои се во првата приоритетна група за вакцинација во согласност со Националната стратегија за ковид-имунизација“, наведуваат од Министерството.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер