Македонија
Арсовски: Датумот за изборите треба да биде одреден со консензус
Датумот за одржувањето на изборите треба да биде договорен со консензус, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„Нормално е консензуално да се донесе датумот за изборите бидејќи и консензуално, односно едногласно беа одложени изборите. Не би требало сега да исполнуваме нечии желби на очајни политичари, кои се пред крајот на својата политичка кариера, како што е Зоран Заев“, рече Арсовски одговарајќи на новинарски прашања.
Во однос на вонредната состојба, Арсовски рече дека ќе мора да бидат согледани сите аргументи што ќе гравитираат околу продолжувањето или непродолжувањето на вонредната состојба.
„Во овој момент можам само да коментирам дека несфатливи се и не може да бидат разбрани од страна на граѓаните ниту, пак, од кој било во државата, односно конфузни се властите од СДСМ, односно Владата предводена од СДСМ Зошто? Затоа што во еден момент бараат прекинување на вонредната состојба, а во друг бараат нова вонредна состојба, која беше продолжена уште 15 дена. Во еден момент велат дека треба да има педесет и шест или педесет и осумчасовен карантин, колку и да беше минатата недела, веќе наредниот ден велат дека треба да прекинат сите мерки и дека треба да се отвори сè во државата за да функционира многу нормално. Така што гледаме дека се случува една шизофрена ситуација во СДСМ. Не се координирани, конфузни се, така што треба да почекаме да ги согледаме реалните аргументи и со трезвена глава, доколку има некој трезвен во Владата на СДСМ, а гледаме дека нема да се одлучи дали треба или не треба вонредна состојба“, нагласи Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

