Контакт

Македонија

Арсовски: Зошто сѐ уште не е викнат на распит синот на Јанева?

Објавено пред

Истрагата за случајот „Рекет“ се води многу штуро, летаргично и со огромна доза на непрофесионалност, обвини денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Тој праша зошто сѐ уште не е викнат на распит синот на Катица Јанева, Лазар Јанев.

„Зошто сè уште синот на Катица Јанева е на слобода, ако знаеме дека тој му беше десна рака на Боки 13 во телевизијата преку која бизнисмени склучувале договори наводно да се рекламираат на истата телевизија, а тој бил задолжен за делот на маркетинг?“, рече Арсовски.

Тој праша и до каде е истрагата за Кики и Фрики, како и дали е вистина дека тие имале едни од клучните улоги во функционирањето на Меѓународниот сојуз, а биле поддржани и со амин на Зоран Заев.

Арсовски додаде дека премиерот Зоран Заев и СДСМ нема да успеат да го прикријат случајот „Рекет“ и да го затворат по свое сценарио.  Напротив, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, сите инволвирани мора да одговараат за рекетирањето.

Македонија

(Видео) Стоилковски: Русковска и Јовевски да се престрашат и да ги повикаат браќата Заеви на распит

Објавено пред

„Помина речиси цела недела, а Зоран Заев и Вице Заев молчат и не кажуваат што разговарале со обвинетата Катица Јанева и со веќе осудениот Милески-Кичевскиот.
Цела недела, Заеви бегаат од најголемата тема во државата- инволвираноста во случајот „Рекет“.Зоран Заев јавно ја потврди автентичноста на снимката во која признава дека го помагал со финансирање на Боки 13 и на телевизијата која што сам ја оцени како провладина, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, вчера Бојан Маричиќ, неговиот советник, јавно призна дека Заев го известил Боки 13 за тоа дека во Владата го пријавиле дека рекетира. Дури потоа за тоа дознава Вилма Русковска. Сега го охрабруваме Вице Заев да признае дека се гледал со Зоран Милески Кичеец.

„Прашуваме уште еднаш, што разговарале Зоран Заев и Катица Јанева?Што разговарале Вице Заев и Зоран Милески Кичеец во присуство на адвокат на фамилијата Заеви?Што е договарано меѓу Вице Заев и Зоран Милески Кичеец?Дали Вице Заев знае каде се наоѓа Луј Витон торбата полна со пари, онаа торба со која што Милески ја изнесува од домот на бизнисмен заедно со Боки 13?Очигледно е дека Вице Заев има многу што да каже во Судница и на јавноста. Видливи се пипците на семејството во овој најголем криминален скандал во државава.Повторно ги охрабруваме обвинителството и Судот, ги повикуваме Русковска и Јовевски да се престрашат и да ги повикаат браќата Заеви на распит.Почитувани Заев е виновен за сите измами, порази и криминали, Правдата ќе дојде по 12 април и сите кои се огрешиле пред законот ќе одговараат“, додаде тој.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Падна пресуда за „Змиско око“ – четворица вработени на патарините починале за време на историското судење

Објавено пред

По 13 години низ судските лавиринти, денеска падна првостепената пресуда за веќе историскиот случај „Змиско око“. Претходно, во два наврати Кривичниот суд донесе пресуди, но Апелациониот суд ги укинуваше, по што судењето по трет пат почна од почеток.

Уапсените се товареа за злосторничко здружување кое не издавало фискални сметки за платени патарини, а парите ги ставале во џеб, по што, повторно организирано ги делеле.Со денешната пресуда, четворица се ослободуваат од обвинение, а на останатите им се изречени условни казни.

„Обвинението за кривичното дело Злосторничко здружување по чл. 394 ст.2 од КЗ се одбива поради настапување на апсолутна застареност. Обвинетите В.М. С.А., В.Ј., З.Б. се ослободуваат од обвинение за кривичното дело Злоупотреба на службена положба и овластување по чл.353 ст.5 вв ст.1 од КЗ. Останатите обвинети се огласуваат за виновни за кривичното дело по чл. 353 ст.5 вв ст.1 од КЗ па имајќи ја предвид нивната позиција, својство и овластување им се изрекува:

За одговорното лице – алтернативна мерка Условна осуда со казна затвор од 2 години која нема да се реализира доколку во следните 5 години не стори ново кривично дело. Обвинетите кои имале својство на контролори на наплатни станици им се изрекува алтернативна мерка Условна осуда со казна затвор од 1 година и 6 месеци доколку во следните 3 години не сторат ново кривично дело, обвинетите со својство на сменоводители и инкасанти им се изрекува алтернативна мерка Условна осуда со казна од 1 година доколку во следните 2 години не сторат ново кривично дело“, стои во пресудата.

При објавата на пресудата еден од обвинетите чиј идентитет е познат за судот, искажал навреди и пцовки упатени кон судечкиот совет за што судот изготвил службена белешка и ќе покрене соодветна постапка.

„Не сме задоволни од одлуката и ќе се жалиме на Апелација. Да му е чест на судот кој е во врзан во алка со обвинителството. Ќе се бориме до крај, ако останеме живи, зошто знае и судот дека веќе четворица колеги ни починаа, а најверојатно и ние нема да го дочекаме крајот, но да ни се живи и здрави децата, да доживеат барем тие нешто поради нас“, рече по изрекувањето на пресудата Митре Петров, еден од обвинетите, кој вели дека е осуден и покрај тоа што вели дека не бил на работното место.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Успешни млади“ – ново признание од претседателот за научната и креативната работа на младите

Објавено пред

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, со цел поддршка на научната и креативната работа на младите од земјава, го воведува признанието „Успешни млади“.

Целта на признанието „Успешни млади“ е да ја поттикне научната, истражувачката и креативната работа на младите луѓе од нашата земја, да се зголеми нивната мотивација за нови достигнувања и вреднување на нивниот труд.

Признанието ќе го доделува претседателот на Република Северна Македонија. Истакнувајќи дека нема надлежност во работата на комисијата, претседателот Пендаровски искажа верување дека признанијата ќе ги вреднуваат најдобрите.

„Ова е проект што ги вреднува трудовите на талентираните луѓе, а оценката на пријавените трудови ќе ја прават извонредни професори, научници, доктори на наука“, истакна претседателот Пендаровски на отворањето на седницата.

Признанието ќе се доделува врз основа на прецизно утврдени критериуми за резултати постигнати во текот на 2019 година на најдобри млади научници во општествени, хуманистички, природно-математички, технички и медицински науки, како и на млади со значајни достигнувања во уметничките и културните практики. Исто така, признанија ќе се доделуваат и во категориите млади иноватори, таленти и успешни млади со попреченост.

Комисијата за признанието „Успешни млади“, која вчера ја одржа својата конститутивна седница, е составена од академици, доктори, експерти во конкретни области, еминентни професори на универзитети во нашата земја, но и надвор од неа. Претседател на комисијата е проф. д-р Анета Цекиќ, професорка на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Во работата на комисијата свој придонес ќе дадат и советничките на претседателот Искра Гешовска – од областа на културата, Фикрија Таир – за прашања поврзани со ромската заедница, Марија Башевска – за родови прашања и Беса Арифи – за правни прашања.

Јавниот повик за доставување пријави за признанието „Успешни млади“ за 2019 година ќе биде објавен набргу. Може да се пријават сите што заклучно до крајот на 2019 година навршиле 35 години, а кои постигнале значајни резултати во соодветната категорија. Исклучок е шестата категорија – млад талент за која имаат право да се пријават само ученици од средните училишта. Со воведување на признанието за успешни млади со попреченост целта е да се подигне јавната свест за способностите на младите што имаат развојни тешкотии и да се подобри нивната инклузија во образовниот процес и општеството.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

(Видео) Падна пресуда за „Змиско око“ – четворица вработени на патарините починале за време на историското судење

По 13 години низ судските лавиринти, денеска падна првостепената пресуда за веќе историскиот случај „Змиско око“. Претходно, во два наврати...

Македонија1 час

Работниците од Кина што влегоа во државата немаат коронавирус, но ќе поминат 14 дена во карантин

Двете лица од Кина, кои се работно ангажирани од кинеската компанија „Синохидро“, а кои вчера пристигнаа во државата, немаат симптоми...

Македонија2 часа

(Видео) Русковска: Адвокатите на обвинетите за организирање на 27 април предлагаат по 300 сведоци

Шефицата на Основното јавно обвинителство за организиран криминал, Вилма Русковска, по денешното рочиште за судење на организаторите на 27 април,...

Македонија2 часа

Судење за „Монструм“: Ахмети имал информации дека момчињата не биле само убиени, туку масакрирани

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, го почна своето денешно сведочење во случајот „Монструм“ претставувајќи се како пратеник. „За овој грозоморен...

Забава3 часа

Ѓоковиќ објави екстремен предизвик на „Инстаграм“

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ објави нов предизвик на „Инстаграм“ по капењето во ледена река.   View this post on Instagram...

Свет4 часа

Дуња Мијатовиќ е против екстрадицијата на Асанж во САД

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, не треба да биде екстрадиран во САД затоа што тоа би имало ужасен ефект врз...

Регион4 часа

Јамајка демантира дека го признала Косово

Министерката за надворешни работи на Јамајка, Камина Џонсон Смит, ја демантира изјавата на косовскиот претседател Хашим Тачи дека државата ја признала...

Свет4 часа

Нови 889 случаи на заразени од коронавирус во Кина

Во Кина се забележани 889 новопотврдени случаи на заразени од коронавирус и 118 починати. Од смртните случаи, 115 се во...

Свет5 часа

Во април почнуваат клиничките тестирања на вакцината против коронавирусот

Кон крајот на април ќе почнат клиничките испитувања на вакцината против коронавирусот, од кој во Кина починаа повеќе од 2.000...

Свет5 часа

(Видео) Украинци пречекани со камења дома кога беа евакуирани од Кина

Украинци евакуирани од кинескиот град Вухан биле пречекани од револтираните мештани, кои со камења мавале по автобусите што се упатиле...

Македонија15 часа

Истрага за две лица по акцијата во која беше запленет кокаин во Сарај

Заврши распитот на лицата што вчера вечерта беа приведени во акцијата во селото Крушопек, Општина Сарај, по добиени сознанија за...

Топ21 час

Момче прободено со нож, уапсена девојка осомничена за обид за убиство

Дваесет и тригодишен државјанин на Турција синоќа бил пронајден на излез од Гостивар, на магистралниот пат кон Тетово, со повреда од...

Топ23 часа

(Видео) Кокаинот од Колумбија бил скриен во банани, приведени се четири лица

МВР соопшти детали за запленетиот килограм кокаин по потекло од Колумбија, кој беше запленет во полициска акција во селото Крушопек...

Македонија1 ден

Јовановски до Русковска: Не се дери, ти ги знаеме гласовните способности

Половина час пред судот, првообвинетиот за „Рекет“, Бојан Јовановски, образложува зошто треба да му биде заменета мерката притвор со домашен....

Македонија1 ден

Димишков: Сакаа да ме искористат како адвокат за мојата сестра судијка да биде изземена од предметот

Судењето за „Рекет“ продолжува со сослушување на сведоците на Бојан Јовановски – Боки 13. Адвокатот Васил Димишков, брат на судијката...

Македонија1 ден

ОЈО проверува дали има неправилности при поништувањето на решенијата на Наќе Чулев

Основното јавно обвинителство ќе проверува дали има неправилности при поништувањето на решенијата донесени од техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе...

Македонија1 ден

Заев и Ципрас добитници на меѓународна награда за мир за преспанскиот договор

Поранешните премиери на Северна Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, се годинешни добитници на меѓународната награда за...

Регион1 ден

(Видео) Пријава за Јосипа Лисац поради лоша изведба на хрватската химна

Адвокатот Бошко Жупановиќ поднесе пријава против хрватската пејачка Јосипа Лисац за нејзината изведба на хрватската химна на инаугурацијата на новоизбраниот,...

Европа1 ден

Детали за масакрот во Германија – напаѓачот бил екстремен десничар

Германскиот весник „Билд“ објави дека напаѓачот, кој во градот Ханау во Германија синоќа со огнено оружје уби девет луѓе, е...

Свет1 ден

Трамп му понудил помилување на Асанж под еден услов

Американскиот претседател, Доналд Трамп, му понудил помилување на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, ако каже дека Русија немала врска со...

Досие