Македонија
Асани по разрешувањето: Совеста ми е чиста, не направив никаква грешка
Директорот на струшката болница, Мухамед Асани, се огласи на „Фејсбук“ откако вчера, министерот за здравство, Венко Филипче, го разреши од функцијата поради случајот со родилката од Дебар, Јилдиз Веапоска, која при породувањето во Струга остана без бубрег, матка и јајчник.
Во меѓувреме, формирана е петочлена комисија по барање на семејството на родилката, која ќе треба да утврди дали биле направени пропусти при породувањето.
Асани пишува дека во текот на својата работа во случајот со родилката немало ниту една грешка.
„Во врска со случајот од Дебар, ја разбирам болката на семејството, но треба да знаат дека во текот на мојата работа немало ниту една грешка. Жалам што пациентката се соочи со една таква компликација, но по интервенцијата, целата состојба им беше објаснета на семејството, како и текот на операцијата. Целата медицинска документација им ја предадов на авторитетите и ќе ја почитувам секоја нивна одлука“, пишува Асани додавајќи дека неговата совест е мирна.
Deri më sot kam heshtur, jo se nuk kisha ç’të thoja dhe as se nuk e kisha ndërgjegjen e qetë, siç mund të kenë menduar…
Posted by Muhamed Asani on Wednesday, March 17, 2021
Тој тврди дека состојбата со пациентката се комплицирала во петтот постоперативен ден. Во операциона сала влегла екипа од двајца гинеколози, двајца хирурзи и двајца анестезиолози, секој работејќи на својата област.
„По екстремно тешка и вонредна работа, која траеше цели 8 часа, успеавме да ѝ го спасиме животот на пациентката. Сакам да нагласам дека гинекологот не вади бубрег. Констатација од некои портали и индивидуи, кои или тенденциозно го прават тоа или немаат поим што значи медицина. Бубегот е изваден од страна на хирурзите, кои во моментот имале индикација за тоа зашто само на тој начин можело да го спречат крвавењето, кое потекнувало од таму (сето ова е документирано)“, пишува Асани.
Потоа пациентката била препратена на КАРИЛ за интензивен мониторинг и понатамошна евалуација. При прием на пациентката лекарите и специјалистите од таа клиника ја оценија нашата работа максимално професионално завршена, додава Асани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

