Македонија
Ахмети – Цакај: Заедно сме на вистинскиот пат
Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, денеска во Собранието оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Албанија, Гент Цакај, кој престојува во официјална посета на нашата земја.
Ахмети за време на средбата со Цакај рече дека Северна Македонија и Албанија негуваат добрососедски односи и дека такви ќе останат засекогаш.
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, му пренесе на министерот за надворешни работи на Република Албанија, Цакај, дека во наредниот период партнерството и соработката меѓу нашите две земји ќе се прошири во функција на мирот, стабилноста и регионалниот просперитет за да се исполнат нашите цели за заедничка стратешка интеграција во Европската Унија.
Ахмети и Цакај разговараа и за договорот во Вашингтон меѓу Република Косово и Република Србија. Тие оценија дека оваа одлука е чекор кон конечниот договор за меѓусебно признавање на двете земји. Ахмети и Цакај исто така разменија мислења и за други политички теми во земјата и регионот, се наведува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

