Контакт

Македонија

Бајрами: Пристигнаа 24 известувања за попречувања и нерегуларности во изборниот процес

Објавено пред

До Комисијата за следење евентуални нерегуларности поврзани со извршување кривични дела против изборите и гласањето пристигнале вкупно 24 известувања за настани што се случиле во текот на изборниот процес, вклучитлно и денеска во текот на гласањето.

dobivaj vesti na viber

Јавниот обвинител Џелал Бајрами, инаку претседател на Комисијата, посочи дека од вкупно 24 известувања, 3 се однесуваат на настани во кои лицата ги сликале гласачките ливчиња.

Известувања се пристигнати и на електронската адреса, која Јавното обвинителство ја отвори за на граѓаните да им овозможи директно пријавување сомненија поврзани со изборите и гласањето.

Од нив, 7 се поднесени од исто лице – граѓанска организација, која известува за објави на социјалните мрежи, со кои наводно се прекршува предизборниот молк или се агитира за гласање за одредени политички партии.

Две се од други две лица и се однесуваат на објави на портали и социјални мрежи.

Седум известувања се пристигнати од претставници на политчка партија од Кочани и се однесуваат на наводен поткуп, кој во одделни настани го вршеле лица со цел да се гласа за одредена политичка партија.

Во Основното јавно обвинителство Струмица било доставено известување за лице што на бензиска станица во с. Василево нудело ваучери за гориво за да се гласа за определена политичка партија.

Во струмичкото Обвинителство примени се и известувања за уште два настана од вечерта на 14 јули.

Едниот во с. Добрадинци, каде што околу 21 часот лице нудело пари за да се гласа за определена политичка партија. Вториот настан се случил во с. Дражево, каде што околу 21.50 часот лице вработено во Центарот за социјални работи вршело агитација со закани за да се гласа за определена политичка партија.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица бил известен дека инспектор на „Јутјуб“ видел снимка со изборен поткуп и за тоа направил службена белешка. Обвинителот дал насоки за проверка на снимката и утврдување на идентитетот. Едно лице од двајцата дошоло во станица, но по давањето на изказот, подоцна пријавило дека примил закани за што поднел пријава за загрозување на сигурноста.

Ова Обвинителство постапува и по известување за наводен изборен поткуп во кој е инволвиран вршител на функција од една од општините. Дадени се насоки на МВР да се повикаат лицата, пратена е покана за прибирање потребни известувања.

Рано утринава е пријавен настан што се случил во 3.20 часот во ПО Галате, каде што дошол претседателот на Месната заедница од с. Дебреше и пријавил кршење предизборен молк од страна на две лица од село Дебреше. Лицата со автомобил низ селото растурале пропаганден материјал – летоци на една од коалициите. Притоа биле забележани и физички нападнати од друго лице. Од настанатите повреди има едно од лицата што делеле пропаганден материјал и е пренесено на Ургентниот центар – Гостивар. Се работи на расчистување и документирање на случајот.

Од 14 јули има известување во Основното јавно обвинителство Штип за извршен претрес во дом на лице за кое имало сомневање дека поседува дрога. По добиена наредба од судија, при вршење на претресот дрога не била најдена, но е пронајден список од речиси 150 имиња за што постои сомневање дека биле наменети за изборен поткуп. Лицето дало исказ и натаму се преземаат дејства за целосно расчистување на настанот.

На 13 јули во локална продавница во Штип пронајдени се голем број лични документи, кои наводно биле чувани како залог што требало да биде искористен во изборни цели. Од јавниот обвиниетел се дадени насоки да се повикаат лицата – сопственици на личните документи и да се испитаат, како и други дејства во насока на утврдување на фактите во предметот.

Обвинителството во Неготино е известено од ОВР Неготино околу 18 часот за два настана со основи на сомнение дека е сторено кривично дело – повреда на тајноста на гласањето. Првиот настан се случил во Неготино, каде што член на избирачки одбор од просторијата во која се гласа застанал на прозорецот и ставил список со лица што не гласале, а надвор стоело друго лице што го сликало списокот со телефон. Настанот го пријавил член на избирачки одбор од друго изборно место во истото училиште, кој стоел надвор и го видел тоа. Во тек се проверки, а одземен е и телефонот од лицето заради вештачење. Воедно, се вршат и разговори со инволвираните лица.

Другиот настан е во с. Прждево, општина Демир Капија, каде што пред гласачко место член од избирачки одбор добил телефонски повик и на неовластено лице му дало податок дека конкретно лице дошло да гласа, но не гласало. И за овој настан постапката е во тек.

Дежурен јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Штип на телефон бил известен за затекнати лица со возило во Штип околу 19 часот, кои со себе носеле 44.000 денари и список на лица, во близина на избирачко место во ОУ „Тошо Арсов“. По насоки на јавниот обвинител лицата, ќе бидат повикани на разговор во МВР за проверување и документирање на случајот.

За овие настани, како и за сите други информации и известувања кои евентуално би пристигнале во обвинителствата, надлежните јавни обвинители, како и Комисијата за следење евентуални изборни нерегуларности, итно и со приоритет во работењето ќе ги преземат сите потребни дејства за расчистување на настаните.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош

Објавено пред

Од

Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.

dobivaj vesti na viber

„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.

Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека  по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.

Прикажи повеќе...

Македонија

МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби

Објавено пред

Од

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.

dobivaj vesti na viber

Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:

Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]

„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.

 

фото/Depositphotos

Прикажи повеќе...

Македонија

(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили

Објавено пред

Од

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.

dobivaj vesti na viber

Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.

„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.

Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош

Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда. „Основното...

Македонија6 часа

МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија...

Македонија12 часа

(Видео) Тошковски: Обезбедена е видеоснимка на која се гледа како сопругот ја удира жртвата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека во рамки на истрагата за трагедијата во Карпош е обезбеден видеозапис на...

Македонија13 часа

Се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, се работи на безбедна евакуација од погодените подрачја, соопшти МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека интензивно работи на обезбедување услови за соодветна и безбедна евакуација на...

Македонија13 часа

По пад од балкон загина 10-годишно момче во Тетово: родителите дознале од соседите

Денеска (03.03.2026) во 09:25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче...

Македонија13 часа

Тошковски објави нови детали за трагедијата во Карпош: Жртвата негирала насилство пред полицијата, сопругот имал криминално досие и бил апсен за дрога

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти нови детали за вчерашната трагедија во Карпош, во која загинаа мајка и дете....

Македонија14 часа

Бракоразводна постапка и пријава за насилство – вонреден надзор во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Министерството за социјална политика, демографија и млади изрази длабоко сочувство до семејството и блиските на мајката и детето кои го...

Македонија14 часа

Државните нафтени резерви се стабилни и обезбедуваат сигурност, уверуваат надлежните

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини со посебно внимание ја следи состојбата со актуелната енергетска ситуација, особено во контекст...

Македонија14 часа

МНР со владиниот авион ќе ги евакуира нашите државјани од Израел, првите се очекува да пристигнат утре

За евакуација на Македонците кои сакаат да се вратат дома од Израел, Министерството за надворешни работи (МНР) ќе го испрати...

Македонија16 часа

Сè уште не се препорачува евакуација по копнен пат за граѓаните кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати, велат од МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, согласно последните податоци, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473...

Македонија16 часа

Едно лице задржано по трагедијата во Карпош: распити на повеќе лица, детален претрес на станот, екстракција на податоци од телефони, се обезбедуваат снимки

Основното јавно обвинителство Скопје ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на вчерашниот случај во Карпош, кога...

Македонија16 часа

Почувствуван земјотрес во Гостивар

Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 5 часот и 21 минути...

Свет18 часа

(Видео) Објавено сведочењето на Клинтон за Епстин, Хилари е бесна

Нови видеа покажуваат како Хилари Клинтон речиси излегува од сведочењето зад затворени врати пред американските пратеници за Џефри Епстин откако...

Свет18 часа

Пезешкијан: Иран нема да стои настрана пред нападите врз училиштата и болниците

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, изјави дека неговата земја нема да стои настрана поради американско-израелските напади што погодија женско училиште...

Свет18 часа

Трамп: Подготвени сме да водиме војни колку што е потребно, имаме залихи што ќе траат засекогаш

Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата платформа Truth Social извести дека САД имаат рекордни залихи на муниција од среден и...

Свет20 часа

Рубио: Израел планираше да го нападне Иран, мораше да извршиме превентивни напади

Одлуката на Израел да го нападне Иран и сигурноста дека американските сили ќе бидат цел на одмазда ја принудија администрацијата...

Свет20 часа

(Видео) Познатата Палата Голестан во Техеран е оштетена, објавени се фотографии

Делови од Палатата Голестан, единственото место на светското наследство на УНЕСКО во иранската престолнина, беа оштетени во воздушен напад извршен...

Свет20 часа

Америка ги повика своите граѓани веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји од Блискиот Исток

Американското министерство за надворешни работи денес ги повика Американците веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји на Блискиот Исток,...

Свет20 часа

Нетанјаху: Војната нема да трае со години

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека американско-израелската војна против Иран може да трае „некое време“, но нема да трае...

Македонија1 ден

Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството

Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го...