Македонија
Без струја делови на Карпош, Илинден, Студеничани…
Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека се планирани технички зафати во дистрибутивната електромрежа и без електрична енергија ќе останат делови на Карпош, Илинден, Студеничани, Чучер Сандево и Ѓорче Петров.
Во периодот од 9:30 до 13:30 часот струја ќе немаат корисниците на дел од ул.Скупи, под ул.3 и под ул.6. (општина Карпош), од 8:30 до 15 часот корисниците на Млин Кадино, Хавеп, ул. 513, 517, по Бисер, дел од Кадино, ул. 521, Живинарска фарма (општина Илинден), од 9:00 до 15 часот корисниците од ул.4, 6 и 7 (општина Студеничани).
Без струја ќе бидат во периодот од 10 до 14 часот и корисниците на дел од село Глуво (општина Чучер Сандево), а од 9 до 14 часот струја ќе немаат корисниците на дел од село Кучково (викендички) (општина Ѓорче Петров).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

