Македонија
Без струја делови на Кисела Вода

Од „ЕВН Македонија“ известуваат дека се планирани следните технички зафати во електросистемот на Град Скопје. Во периодот од 11:30-16:00 часот ќе останат корисниците од ул.Иван Мажураниќ (општина Кисела Вода), од 9:00-15:00 часот ќе останат корисниците на дел од ул.Киро Фетак-1 (општина Кисела Вода), а од 9:00-11:30 часот ќе останат корисниците од ул.Ѓорѓи Динката од бр.34-38, ул.Герника од бр.1-15 (општина Кисела Вода).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ИЈЗ: Намален бројот на нови позитивни случаи, зголемен бројот на оздравени лица

Во периодот од 11 до 10 јануари е забележано намалување на бројот на нови позитивни случаи и процентот на позитивни од тестирани, во споредба со претходната недела, покажа извештајот на Институтот за јавно здравје. Во истиот период е забележано зголемување на бројот на оздравени лица за разлика од претходната недела.
Според неделниот извештај од 11 до 10 јануари биле тестирани вкупно 14.111 лица, со зголемување од 8,4% во однос на минатата недела.
Регистрирани сe 2.397 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со намалување од 3,0% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје.
Процентот на позитивни од тестирани во периодот на известување се движи од 11 до 19%, просечно 16%, што претставува намалување од 3% во споредба со минатата недела.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години, а најмал број е регистриран кај децата од 0-9 години.
По добиени два негативни теста или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 5.785 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 29,7% повеќе во споредба со минатата недела.
Во периодот на известување, пријавени се 79 смртни случаи од 23 града, со зголемување од 6,8% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 62 лицa биле над 60 години, 13 лица на возраст од 50-59 години, 3 лица на возраст од 40-49 години и едно лице од 30-39 години.
Македонија
Заев пред амбасадорите на земјите членки на ЕУ: Во дијалогот со Бугарија имаме црвени линии за кои не се преговара

Во просториите на Владата вчера се одржа редовниот годишен состанок на шефовите на дипломатските мисии на државите-членки на ЕУ во земјава, на која премиерот Зоран Заев ги информира амбасадорите за актуелните и најважни активности во процесот за интеграција на земјата во ЕУ.
Како што информираат од владината прес-служба, пред амбасадорите, предводени од шефот на делегацијата на ЕУ, Дејвид Гир, Заев детално го образложил континуитетот на реформските процеси, додавајќи дека членството на Северна Македонија во ЕУ нема алтернатива и дека е важно да се продолжи дијалогот со Бугарија, во духот на меѓусебно почитување.
„Истовремено остануваме цврсто определени за одредени прашања, кои се наши црвени линии, како што е македонскиот идентитет и македонскиот јазик, за нив не преговараме“, нагласил Заев.
За време на дебатата, премиерот ја поздравил изразената поддршка за проширувањето од страна на амбасадорката на Португалија, Вирџинија Пина, додавајќи дека е многу важен ставот на португалското претседателство дека почетокот на преговорите со Северна Македонија е меѓу приоритетите.
Премиерот воедно изразил благодарност за поддршката на Брисел за вклучување на земјите од Западен Балкан во набавката на вакцини против Ковид-19 и изразил очекување дека ќе има забрзување на оваа постапка.
Македонија
Сончево време со максимални температури до 9 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Додаваат дека ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец, а максималната температура ќе достигне од -1 до 9 Целзиусови степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб југозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 4 степени.
Во текот на изминатата ноќ беше ведро, а најниски минимални температури се измерени во: -14 – Берово, -13 – Битола, -10 – Скопје-Петровец и Прилеп, -9 во Крива Паланка, Демир Капија и во Куманово, -8 во Тетово, Претор, Штип и во Струмица, -7 во Скопје-Зајчев Рид и во Гевгелија, -6 во Охрид, -5 во Крушево и во Дебар.
Висината на снежната покривка до 7 часот утрово изнесувала 32 сантиметра на Попова Шапка, 14 во Битола, 7 во Маврови Анови и во Крушево, 3 во Дебар, Охрид и во Претор и 1 сантиметар во Крива Паланка.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира