Македонија
Без струја делови на Ѓорче Петров, Сопиште, Карпош и Аеродром

Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа,без електрична енергија ќе останат делови на Ѓорче Петров, Сопиште, Карпош и Аеродром.
Од 8:00 до 14:00 часот, без струја ќе биде селото Орман (општина Ѓорче Петров), од 8:30 до 14:00 часот, улици 14 и 16 во селото Сопиште (општина Сопиште), од 9:00 до 14:00 часот, ул. Генерал Михајло Апостолски од бр. 1 до бр. 50 и бул. Партизански одреди од бр. 51 до бр. 81 (општина Карпош) и од 10:30 до 12:00 часот, објектите на патот од с. Горно Лисиче кон с. Долно Лисиче (општина Аеродром).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Захариева: Остар вербален демарш за Скопје поради палењето на бугарското знаме во Вевчани

Софија упати вербален демарш за Скопје поради запаленото знаме на Бугарија на карневалот во Вевчани, објави бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева.
„По повод медиумските објави за изгорено бугарско знаме во село Вевчани во Република Северна Македонија, му порачав на бугарскиот амбасадор во Скопје, Ангел Ангелов, да го изрази пред владата на РСМ нашето силно негодување за овој вандалски чин. Амбасадорот Ангелов веќе упати остар вербален демарш во Министерството за надворешни работи на РСМ“, напиша Захариева.
Неколку бугарски медиуми синоќа објавија дека на карневалот во Вевчани било запалено бугарското знаме.
Македонија
Укината забраната за камиони на Стража

Утрово во 5 и 50 часот е укината забраната за тешки товарни возила на патниот правец крак Стража – Кичево во двата правци, што беше воведена поради врнежи од снег.
Од 4 часот на регионалниот пат Велес – Прилеп, премин Плетвар, сообраќајот се одвива нормално за сите видови моторни возила.
Забраната на патниот правец крак Маврово – Дебар останува да важи.
АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Сончево и студено време со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и студено. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено по должина на Повардарието.
Кон крајот на денот ќе настапи зголемување на облачноста. Максималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 3 степени.
- Книги4 недели
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира