Македонија
Без струја делови од Центар,Карпош и Сарај
ЕВН Македонија АД известува дека на ден 04.04.2022 година ( понеделник ) без електрична енергија ќе останат:
-во период од 08.30 до 14.00 часот корисниците од ул. Борка Талески помеѓу улиците Ленинова и Мирослав Крлежа ул. Дебарца помеѓу улиците Ленинова и Никола Тримпаре, ул. Никола Тримпаре помеѓу улиците Мирослав Крлежа и Дебарца (општина Центар)
-во период од 09.00 до 10.00 часот корисниците од Бул.Партизански Одреди бр.88, влез 2, (општина Карпош)
-во период од 09.00 до 14.00 часот дел од корисниците од село Шишево (општина Сарај )
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Бутел
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска е планиран прекин и тоа:
– во периодот од 09:00 до 10:30 часот, дел од потрошувачите на улицата Гемиџиска (првите куќи на почетокот од улицата) и деловните објекти на почетокот од ул.Ферид Бајрами каде се наоѓа предметниот објект. (општина Бутел)
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради промена на шибер Ф-80мм на улицата Јани Лукровски бб испред Т.Ц во населба Автокоманда, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Јани Лукровски, општина Гази Баба.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до санирање на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне локални врнежи од дожд и снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе има локални врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од снег. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб јужен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 0, а максималната ќе достигне од 2 до 7 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Времето во наредните денови
До сабота времето ќе биде променливо облачно со пораст на дневната температура. По одделни котлини ќе има појава на магла. Од сабота кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во недела во попладневните и ноќните часови, кога на повисоките места ќе преминуваат во снег.

