Македонија
Битиќи: Пописот е основа за креирање квалитетни економски политики
„Основата на квалитетни економски политики, кои одговараат на реалните потреби на граѓаните, може да се добијат само преку издржани статистички податоци. Тие податоци произлегуваат токму од најважната и најобемна статистичка операција – попис“, нагласи заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, во своето обраќање кон граѓаните за значењето на пописот како најважна статистичка операција.
Вицепремиерот додаде дека пописот, конечно, ќе даде одговор на прашањата што го интересираат секој инвеститор кога одлучува каде ќе инвестира.
„Сите инвеститори, независно дали се странски или домашни, со пописот ќе имаат одговор на многу важни прашања со кои ќе може да донесат одлуки за реализација на нивните инвестициски планови. Дали и каде има квалификувана работна сила по специфични профили? Кои се старосната структура и потенцијалот на одредени градови и региони и кој од човечкиот потенцијал на среден или долг рок може да биде ангажиран во одредено време?“, истакна Битиќи.
Вицепремиерот заклучи дека пописот ќе овозможи државата да носи соодветни економски политики, со кои ќе се обезбеди ефективно и ефикасно користење на целокупниот човечки потенцијал и Владата ќе добие јасна слика за кого, каде и во кој обем се планираат и реализираат севкупните економски стратегии.
„Почитувани граѓани, пописните резултати се клучната појдовна точка од која Владата поаѓа при носењето на економските политики, во кои, покрај целокупната развојна стратегија, се и ќе бидат инкорпорирани и политиките со кои ќе се постигне и рамномерниот регионален развој“, заклучи во своето обраќање кон граѓаните вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

