Македонија
БНР: Нема промена на позицијата на Софија
Прашањето за почеток на преговорите за пристапување во ЕУ на Северна Македонија и Албанија се дискутира на Советот за општи работи во Луксембург, што започна утрово.
Според извори на Бугарското национално радио (БНР), не се очекува промена во позицијата на Бугарија во однос на ветото.
„Бугарија останува во позиција дека нема напредок кај нашиот западен сосед во спроведувањето на договорот за добрососедски односи како целина“, пишува БНР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Министерот Сали на Самитот во Давос
Првиот заменик претседател на Владата на Република Северна Македонија и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на Самитот во Давос и на Средбата на лидерите 2026, значајна платформа за дијалог и глобална соработка.
Тој учествуваше на два тематски панела: „Клима, конфликти и грижа“, каде беше нагласена важноста на дијалогот и регионалната и меѓународната соработка; и „Балканот – историја, стабилност и иднина“, каде се дискутираа регионалните предизвици, европската интеграција и економскиот развој како столбови за мир и долгорочна стабилност.
За време на својот престој, Сали оствари средби со политички претставници, бизнис-лидери и медиумски куќи од целиот свет, при што дискутираа за можности за соработка, партнерства и за политичките и економските развојни перспективи на регионот, со посебен фокус на Северна Македонија.
Македонија
„Финансиска поддршка за квалитетни проекти и активности“: Герасимовски упати јавен повик за граѓанските организации
Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, упати повик до сите зруженија и фондации кои дејствуваат на територијата на општина Центар да се пријават за финансиска поддршка за 2026 година.
Средствата се наменети за поддршка на локалната заедница, со фокус на развојот на микро-бизнисите, програмите и проектите за млади, социјалните услуги, родовата еднаквост, заштитата на животната средина и образованието за возрасни.
Герасимовски посочи дека невладините организации се докажани партнери на општината, промотори на позитивни вредности и нови идеи.
„Ги повикувам сите здруженија и фондации што имаат добра идеја и квалитетен проект да се пријават на јавниот повик и да ја искористат можноста за финансиска поддршка“, порача градоначалникот Герасимовски.
Рокот за поднесување пријави и документација е 10 дена од денот на објавувањето на веб-страницата на Општина Центар.
Пријавите може да се достават преку пошта на адресата Општина Центар – Скопје, улица „Михаил Цоков“ бр. 1, или во Архивата на Општина Центар (барака 6) од 9 до 15 часот.
Повеќе информации за јавниот повик на: Јавни повици | Општина Центар
Македонија
„Кога Венко на нареден прес ќе ја менува Богданка, добро е да одговори зошто би го рушеле преку Шилегов“, прашува ВМРО-ДПМНЕ
„Околу внатрешните проблеми на СДС, кланот Дубаи, Венко и Заев, ВМРО-ДПМНЕ нема да се меша. Но, бидејќи СДС и Венко по секоја цена сакаат со сила да го вмешаат ВМРО-ДПМНЕ би поставиле неколку логични прашања“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Прво, Венко на наредната прес-конференција кога ќе ја заменува портпаролката Богданка Кузевска треба да одговори како Шилегов е на ВМРО ДПМНЕ, а Филипче беше советник на министер од ВМРО ДПМНЕ.
Второ, како за кус период сите кои не мислат како Филипче, за Филипче станаа ВМРО-ДПМНЕ преку ноќ?
Трето, зошто воопшто ВМРО-ДПМНЕ би го рушела Филипче, преку Шилегов, кој СДС како најголем конкурент на ВМРО-ДПМНЕ ја направи трета партија во земјава, а петта во Скопје?
Четврто, дали има некој поистакнат член на СДС, освен Жерновски од ЛДП, кој денес не бара оставка на Венко Филипче?
Додека Филипче се кара за темата кој бил повеќе на ВМРО-ДПМНЕ, добро е да одговори на овие прашања. Се друго е бегање од реалноста и од сопствената одговорност“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

