Контакт

Македонија

Богдановиќ: Маџир Маало ќе добие улица каква што заслужува една од најстарите скопски населби

Објавено пред

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, на прес-конференција најави дека наскоро ќе почне целосна реконструкција на улицата Ѓуро Ѓоновиќ во Маџир Маало, која важи за една од најстарите скопски населби.

dobivaj vesti na viber

Вкупната должина на улицата ќе изнесува приближно 250 метри со ширина од 14 метри, со што ќе се зголеми проточноста на истата. На 4 100 метри квадрати ќе се постави комплетно нов асфалт во два слоја и нов долен строј. Тротоарите ќе бидат со ширина 2,25 метри, а ќе има простор и за велосипедисти и за пешаци. Фекалната канализација е во должина од 650 метри со приклучок и изведба во соседната општина Аеродром.

Богдановиќ најави дека ќе се изгради нова атмосферска канализација која што ќе ги зафаќа атмосферските води и рече дека со ова ќе биде решен проблемот со поплавувањата на површините на улиците.

Што се однесува за детелниот урбанистички план за Маџир Маало, градоначалникот на Центар соопшти дека ќе биде усогласен со Генералниот урбанистички план и истиот наскоро ќе се најде на јавна расправа.

„Овој нов ревидиран ДУП ќе биде во интерес на граѓаните на Маџир Маало. Со ова ќе се стави крај на градежната инвазија, како што е случај во Дебар Маало. Во оваа населба ќе има комерцијално-станбени објекти, општината ќе изврши реконструкција и на другите улици освен ‘Ѓуро Ѓоновиќ’, а ќе биде изградена и нова градинка“, најави Богдановиќ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Маричиќ: Реформите, политичкиот дијалог и користењето на европските фондови пресудни за преговори со ЕУ

Објавено пред

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во своето обраќање на годишната конференција „Година на нови можности“ рече дека 2022 година е најуспешната година на европските интеграции и дека е клучна пресвртница во нашите односи со Европската Унија, посочувајќи дека годинава акцентот ќе биде ставен на скринингот, реформите и уставните измени.

dobivaj vesti na viber

„Можеме да забележиме дека има разлика во нашиот статус и во начинот на којшто комуницираме со Европската Унија оваа година. Што е тоа што не очекува и ни е најважно е секако успешен завршеток на скринингот и креирање на оние неопходни документи коишто се предуслов за отворање на првиот кластер. Важна е и политичката димензија на европските интеграции, а тоа е обезбедување на вистински политички консензус за европски интеграции, не само на зборови, туку и на дела, со комплетирање на уставните измени и продолжување на овој процес понатаму“, изјави Маричиќ.

Кажа дека областите од кластерите „Темелни вредности“ и „Внатрешен пазар“ ќе бидат главните теми за 2023 година.

„Ние требало, уште пред да ги добиеме скрининг Извештаите на пролет, да започнеме да ги работиме клучните документи, патоказите, коишто се предуслов за отворање на првиот Кластер. Овој динамичен пристап на преговори ни овозможува да одиме побрзо таму каде што сме поподготвени, а таму каде што не сме подготвени да бидеме успорени, но имаме и можности да забрзаме толку колку што треба и таму каде што треба. Тоа е предност, но тоа е воедно и одговорност и товар“, потенцираше Маричиќ.

Според него, доколку ние го завршиме скринингот успешно, доколку до пролет ги изготвиме Патоказите, можеме да очекуваме дека до почетокот на летото е возможно и тие документи да се најдат пред Советот на министри на Европската Унија на разгледување. Тоа значи дека што поскоро и што побрзо ја завршиме политичката димензија, втората димензија на европските интеграции, а тоа е комплетирање на уставните измени и остварување на оној неопходен консензус за движење понатаму, толку побрзо ќе се движиме напред, појасни на панелот Маричиќ укажувајќи дека нема веќе изговори дека некој нè блокира или дека чекаме некоја држава членка да пушти сигнал. Сигналите се тука, се е напишано на хартија, и треба да го направиме тоа, порача Маричиќ на панелот „ЕУ интеграции и реформски процеси“ во рамки на годишната конференција „Година на нови можности“, која се одржа по повод година дена од работа на Владата.

Маричиќ кажа и дека во оваа фаза на процесот на преговори важно е максималното искористување на сите можности за обезбедување на финансиска помош од Европската Унија, којашто не е мала, и не е безначајна, особено во овие моменти на криза.

„Околу 100 милиони евра годишно добиваме само европски средства. Нашата идеја е да продолжиме со координација на донаторите, што е многу важно, за да успееме заеднички нивната координација да ја доведеме во врска со Националниот план за развој или стратегија за развој, којшто треба долгорочно да ги определи приоритетите, за да секој понатаму, кога доаѓа или во Владата, или во државата, има увид во тоа кои се приоритетите, за што имаме обезбедено повеќе домашен домашни средства, за што имаме обезбедено пари од ЕУ, а каде навистина се потребни дополнителни средства“, рече Маричиќ.

„Мислам дека крупните инфраструктурни проекти ни се на увид, тоа граѓаните можат да го видат. Коридорот 10 е завршен, Коридорот 8 се работи, целата помош во енергетика околу фотоволтаичните станици низ државата што се градат, сето тоа е многу битна компонента на странска помош. Инфраструктурата е во фокусот, и енергетиката, и така треба и да остане“, посочи тој.

Маричиќ посочи дека Владата навистина ги има евроинтеграциите како свој приоритет, и порача тоа да се прелее и на другите политички партии, политички субјекти во Собранието и со трезвен пристап и со ладни глави сите да направат нешто за што граѓаните ќе им бидат благодарни.

Прикажи повеќе...

Македонија

Тупанчески: Мора да бидеме внимателни со ветингот, дали тој ќе биде парцијален или ќе се однесува на сите функционери

Објавено пред

Министерот за правда Никола Тупанчески смета дека мора многу да се внимава за процесот на ветинг.

dobivaj vesti na viber

Како пример ја посочи Албанија, која практично, по спроведувањето на ветингот остана без судии и јавни обвинители ,, 80% од апелационото подрачје не го поминаа тој филтер. Од 9 судии во Уставен суд, 6 судии не го поминаа, вклучувајќи го и претседателот на Уставниот суд. Веќе две години ,Албанија укажува дека нема доволен број судии”, рече Тупанчески на првиот панел во рамките на годишната конференција ,, Годинa на нови можности”.

Според Тупанчески , при проверка на судиите и јавните обвинители треба да се земат предвид 4 критериуми: интегритет, квалификации, поврзаноста со организиран криминал и имотната состојба.

,,Во нашата држава подолго време се заговара процесот на ветинг, но пред да стигнеме до него, потребно е да одговориме на неколку прашања: Дали ветингот ќе биде парцијален и дали ќе се однесува на судството и обвинителството или пак на сите избрани и именувани функционери. Дали ветингот ќе биде направен со постојните капацитети што ги имаме затоа што во моментот нашата држава располага со капацитети кои би можеле да се позанимаваат со оваа проблематика и третиот сегмент е , дали би го правеле со постојната регулатива или со нова која исклучително ќе ја третира оваа материја. Се согласувам дека треба да има филтрација, проверка, но она што треба да го одговориме е начинот на кој тоа ќе го направиме” рече Тупанчески.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на министрите за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Република Бугарија, Спасовски и Демерџиев

Објавено пред

Денеска, во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија во Скопје, министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, оствари работна средба со министерот за внатрешни работи на Република Бугарија, Иван Демерџиев.

dobivaj vesti na viber

Двајцата министри ја потенцираа одличната соработка меѓу полициите на Република Северна Македонија и Република Бугарија, што е еднакво важно како за министерства за внатрешни работи на двете земји така и за двете држави, но и за регионот. Министрите Спасовски и Демерџиев ја потврдија посветеноста на унапредувањето и продлабочувањето на билатералната и оперативната соработка во насока на зајакната регионална соработка како еден од главните приоритети, особено во делот на сузбивање на организираниот криминал, трговијата со луѓе, недозволената трговија со дрога, шверцувањето мигранти и справувањето со илегалната миграција. Во насока на добрата соработка меѓу двете полиции беа посочени и заедничките вежби на специјалните единици на двете земји, кои минатата година беа во Софија и во Охрид.

Особено е важно, потенцираа двајцата министри, одржувањето редовни директни контакти, со цел да си помогнеме едни на други, а во насока на решавање какви било безбедносни предизвици.

„Оваа средба ја реализираме на неколку дена пред чествувањето на роденденот на Гоце Делчев на 4 февруари во услови на зголемени тензии и разни најави за евентуално нарушување на јавниот ред и мир. Сакам да потенцирам, да упатам јасна порака дека македонската полиција ги презема сите неопходни мерки и активности и дека апсолутно нема да дозволиме никаков инцидент, односно ќе имаме чествување како што му прилега на нашиот великан Гоце Делчев“, рече министерот Спасовски.

Министерот Демерџиев потенцира дека бугарското Министерство за внатрешни работи ќе ги преземе сите мерки за да се избегнат провокации на чествувањето на роденденот на Гоце Делчев. „Работиме превентивно за да нема проблеми. Ќе направиме сè што е неопходно од бугарска страна за чествувањето да помине како што треба. Да не дозволиме поединци да палат оган таму каде што го нема. Исто така, очекувам целосно расчистување на нападот врз Пендиков и виновниците да бидат казнети. Само со адекватни казни ќе спречиме слични случаи во иднина“, рече министерот Демерџиев.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа3 часа

Кина со порака до Вашингтон: Уште една посета може скапо да ве чини

Кина одговори на извештаите за планот на претседателот на Претставничкиот дом на САД, Кевин Мекарти, да го посети Тајван оваа...

Топ3 часа

Британци преку компјутерска измама оштетиле фирма за над 425 илјади евра

Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Т.С.(21) од Велика Британија, правно лице од Велика Британија и A.A.A.(44) од Велика Британија, поради...

Македонија6 часа

Арсовска сменета од претседателската функција во ЗЕЛС, на нејзино место назначен Орце Ѓорѓиевски

Скопската градоначалничка Данела Арсовска е разрешена од претседателската функција во Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС). Одлуката е донесена...

Македонија7 часа

(Видео) Зеќири не беше донесен на судење; Судијката: Повикана е брзата помош, а во зависност од проблемите, ќе биде однесен во болница

Полицијата не можела да го спроведе Мухамед Зеќири од куќен притвор бидејќи кога службениците дошле да го земат, тој ги...

Македонија7 часа

(Видео) Владата: ЕУ е стратешки приоритет, реформските процеси ќе се интензивираат

Европската Унија е стратешки приоритет на Владата. Владеењето на правото ќе остане во фокусот на институциите за брз напредок во...

Македонија8 часа

(Видео) Ковачевски: Отворени се нови можности за економијата и за членството во ЕУ, повикувам на обединување и паметни одлуки

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се обрати на годишната конференција „Година на нови можности“, што се...

Регион8 часа

Милановиќ: Ја провоцираат Русија од 2014 да почне војна, па ние и Србите не се мразевме толку

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска ја коментира ситуацијата во Украина нагласувајќи дека Русија со години била провоцирана. Тој рече дека...

Македонија8 часа

(Видео) Јаневска: Доцни исплатата на стипендиите, а на студентите не им се исплатени ни парите за студентски оброк

„Учениците и студентите останаа без поддршка од државата. Доцни исплатата на ученичките и студентските стипендии. Наместо државата да ги мотивира,...

Регион10 часа

„Демостат“: Србија во ЕУ до 2030 година ако го прифати европскиот план за косовското прашање

Јасната перспектива за членство на Србија во Европската Унија, инвестициите во енергетскиот сектор и ослободувањето од зависноста од Русија во...

Европа11 часа

Ги чувале децата во вински подрум во Австрија, соседите се посомневале, реагира полицијата

Шест британски деца се спасени во Австрија кога беа откриени дека живеат во напуштен вински подрум со своите родители. Полицијата...

Македонија11 часа

Бугарскиот министер за внатрешни работи доаѓа во Скопје на средба со министерот Спасовски

Вицепремиерот за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи на Бугарија, Иван Демерџиев, со придружна делегација, денеска, ќе...

Европа11 часа

Путин на Џонсон му се заканил со ракетен напад: Ќе трае само една минута

Борис Џонсон, поранешниот премиер на Велика Британија, откри дека Владимир Путин, претседателот на Русија, му се заканувал со ракетен напад...

Македонија12 часа

Османи во Брисел на средби во НАТО и ЕУ

Претседавачот со ОБСЕ, министерот Османи, денес и утре е во работна посета на Брисел, каде што ќе оствари средби со...

Македонија22 часа

Милков: Најважен чекор за заштита на правата на Бугарите во Македонија е вклучувањето во Уставот

„Сакаме во Северна Македонија да бидат заштитени правата на Бугарите. Ние се стремиме кон таква деескалација, која ќе доведе до...

Спорт1 ден

(Видео) Ѓоковиќ во солзи ја прослави победата, плачеа и фановите

Новак Ѓоковиќ е шампион на Австралија Опен и повторно прв на АТП листата. Српскиот тенисер ја освои Австралија една година...

Македонија1 ден

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ бара од власта да ги преиспита тврдењата дека странски држави се вмешани во провокациите кон Македонија

Државата сериозно да ги преиспита наводите кои и самиот Пендаровски ги кажа дека здруженија, фондации, поединци и агентурни мрежи од...

Македонија1 ден

Полицијата упадна во над 200 локали и казина, приведени се лица за дрога и оружје

Синоќа по полноќ до 4 часот утринава, полицицијата спроведе акциска контрола во угостителски објекти на 272 локации. Во контролата беа...

Свет1 ден

По терористичките напади Израел размислува да им дозволи на цивилите да носат оружје

Кабинетот за безбедност на Израел одобри мерки со кои на Израелците ќе им се овозможи носењето оружје по двата одделни...

Свет1 ден

(Видео) Дронови нападнаа воена база во Иран

Со беспилотни летала извршен е напад врз воена фабрика во градот Исфахан во Иран, соопшти официјален Техеран. „Експлозијата се случи...

Македонија1 ден

Ќучук: Надворешни фактори не сакаат да бидеме во добри односи со Северна Македонија

Има надворешни фактори кои не сакаат Бугарија и Северна Македонија да бидат во добри односи. Тоа се сите оние луѓе...