Македонија
Богдановиќ: Со новите ДУП-ови во Центар зачувани се над 13.000 квадратни метри парковско зеленило

На продолжението на 59-тата седница советниците од Советот на Општина Центар гласаа за донесувањето на детаљниот урбанистички план Градска четврт Ц 04 – Дом на градежниците.
Станува збор за градска четврт, која во голем дел е реализирана и, како што беше посочено, повеќето од објектите се задржуваат во постојна состојба.
„Во споредба со стариот ДУП, кој предвидува 4.043 квадратни метри парковско зеленило, новиот план има вкупно 5.889 квадратни метри парковско зеленило, со што речиси 13 % од површината на овој четврт е под парковско зеленило. Наместо да се проширува, евидентиран е постојниот паркинг и задржан е во сегашната состојба, а зголемен е процентот на зеленило и дрвореди. Наместо изградба на паркинг на веќе постојно детско игралиште, детското игралиште со површина од 408 квадратни метри во новиот план е зачувано, како и постојниот паркинг околу него. Во согласност со новиот план, сите нови објекти мора да го обезбедат неопходниот број паркинг-места во своја парцела“, изјави на денешната прес-конференција градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.
Избришан е еден објект за колективно домување, кој според стариот план би се градел на државно земјиште, а во новиот план заменет е со локален парк од 262 квадратни метра и пешачка патека.
Стариот план предвидува заеднички подземен паркинг за дел од парцелите, воедно предвидена е пристапна улица на местото на пешачката патека „Кај Маршалот“. Со новиот план секој објект треба засебно да предвиди паркирање. За објектите од внатрешноста на блокот се предвидува пристап преку пасажи од улицата Максим Горки, со што се задржува пешачката патека „Кај Маршалот“ и таа нема да стане улица за автомобили.
„Досега во ДУП-от Ново Маало 1 избришан е хотел, зачувано е зеленилото и изведен е памп-трак на површина од 2.927 квадратни метри. Во ДУП Мирче Мацан зголемен е училиштен двор на сметка на објект за колективно домување со површина од 922 квадратни метра и намалена е парцелата на трговски објект на сметка на 492 квадратни метра ново зеленило. Во ДУП-от Даре Џамбаз преместена е планираната катна гаража и зачувани се постојното детско игралиште и парковското зеленило со површина од 808 квадратни метри. Во ДУП-от Пролет пренаменета е парцелата на урбаната заедница и на нејзино место ќе никне нова градинка на површина од 1.992 квадратни метра. Во новиот ДУП Пролет избришан е верски објект и на негово место е предвидено парковско зеленило на површина од 804 квадратни метри, а дополнително се предвидени и нови 8.788 квадратни метри парковско зеленило. Во ДУП-от Тасино Чешмиче избришан е станбен објект и на негово место на површина од 1.996 квадратни метри е предвидена изградба на нов објект за здравствена заштита. Вкупно во досега донесените ДУП-ови зачувани се над 13.000 квадратни метри парковско зеленило“, појасни градоначалникот Богдановиќ.
Наведе дека намерите на Општина Центар за овозможување нормални услови за живеење се видливи и во плановите што се во завршна фаза. Оттаму, предвидени се пет нови детски градинки во ДУП-овите Геолошки завод и Клинички центар; Парк/Дебар Маало 2; Маџир Маало, Буњаковец и Крњево, нови 2 културни центра (ДУП Парк/Дебар Маало 2 и ДУП Мал ринг), изведба на 1 блоковски парк од 1.061 квадратен метар во ДУП Геолошки завод и Клинички центар и повеќе мали паркови на сметка на бришење станбени згради.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја утре делови од Скопје

Од Евн најавуваат дека утре без струја ќе останат делови од Скопје.
Поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре без електрична енергија ќе останат следните корисници:
од 10:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Милан Мијалковиќ и Кара Трифун ( општина Кисела Вода ),
од 07:30 до 15:30 часот, корисниците од ул. Лазар Поп Трајков, броеви 22 до 33, ул. Габреж, броеви 4 до 19, ул. Ташко Караџа, броеви 19 до 24. ( општина Гази Баба ),
од 08:30 до 13:00 часот, корисниците од дел с.Глумово, Шишево и Матка ( Општина Сарај ),
од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул.Драчевски Пат подул 2 во Драчево (општина Кисела Вода ).
Македонија
Сончево време со температура до 18 степени

Времето ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени.
Во Скопје, сончево со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Во следните два дена ќе се задржи сончево и релативно топло време. Утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под нула, а дневните ќе бидат во пораст. Од петок ќе има зголемување на облачноста, а во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд, на планините снег и со опаѓање на дневните температури.
Македонија
Усвоен предлог-законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк

Владата на денешната седница го утврди текстот на предлог-законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк, подготвен од Министерството за животна средина и просторно планирање.
„Основна цел на ова законско решение е прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје од втора категорија – национален парк, заради обезбедување заштита на исклучителните природни убавини и вредности, разновидноста и богатството на биодиверзитетот, геодиверзитетот, хидролошките карактеристики, пејзажните, пределните и други вредности, како добра од јавен интерес“, соопшти Владата.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа7 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер