Македонија
Богојески: Време е да падне овој естаблишмент, потребни се нови и креативни политики
Колку сме во Скопје домаќини се познава по Градскиот парк, рече во изјава за медиуми Петар Богојески, носител во изборната единица 1 од партијата Македонски концепт.
„Денес сретнавме прекрасни луѓе, кои и покрај желбата да одморат од градската гужва, беа отворени за разговор со нас. Се е јасно. Нема простор за ветувања, програми, се е слушнато и видено веќе 30 години! Редно е да го смениме политичкиот систем, да падне овој естаблишмент”, изјави Богојески.

Тој порача дека Македонски концепт креаира поинакви јасни политики кои ќе донесат суштински промени за нашата држава.

„Имаме јасна идеја и цел и знаеме како. 15 јули е денот кога без разлика на политичката определба, сите граѓани масовно треба да излезат на гласање и да го заокружат бројот 10“, кажа претставникот на Македонски концепт и додаде дека само заеднички граѓaните може да се изборат за суштински промени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Лукаревска: Владата ги намали парите за загаден воздух за 50% во споредба со лани
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања упати прашање до министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, кое се однесуваше на кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина, но и како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година во година ги намалува средствата за оваа намена. Таа посочи дека со ребалансот на Буџетот за 2025 година средствата за животна средина се намалени за 13,4%, а ставката „намалување на загадувањето“ е скратена за околу 20%, односно речиси 50% во однос на претходната година.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од Реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средни претпријатија.
,,Заштитата на животната средина е начин како да ја заштитиме иднината на Македонија. Но, реалноста ја отапе острицата и на лесно на пишаните зборови.
Дебатирајќи за Буџетите за 2025 и 2026 година , како и за Ребалансите секаде имаме кратење на средства токму за овој специфичен ресор и за ресорното министерство.
Во Ребалансот на Буџетот за 2025 година – Заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4% во износ од 868 милиони денари помалку, сведувајќи се од 6,4 милијарди на околу 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – Намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19% намален буџет, а во однос на претходната година истиот е планирано да се намали за 48,2%, тоа е скоро 50%“.
Несвојствено е, вели таа да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството, како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздух ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
Според неа, не се доволни само препораките за ослободување од работни обврски на ризичните групи.
„Сите полека влегуваме во таа група справувајќи се со последиците, а не со причините. Моето прашање е кои конкретни мерки ги превземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето, имајќи го во предвид фактот дека од година во година, со секој буџет и ребаланс на буџет, ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем“, праша Лукаревска.
Македонија
Хоџа официјално ја презеде функцијата министер за животна средина
Муамет Хоџа денес ооцијално ја презеде функцијата министер за животна средина и просторно планирање, со што ги презеде надлежностите и одговорностите за раководење со ресорот задолжен за заштита на животната средина, одржливиот развој и просторното планирање во државата.
На првиот работен ден, министерот Хоџа оддржа работна средба со заменик министерката, Ане Лашкоска, со раководниот тим во Министерството, при што беше информиран за тековните состојби, активните проекти и клучните предизвици со кои се соочува ресорот, нагласувајќи дека негови приоритети ќе бидат доследно спроведување на законите, зајакнување на инспекцискиот надзор, транспарентна и отворена комуникација со јавноста, како и целосно усогласување со Европскиот зелен договор и обврските што произлегуваат од процесот на европска интеграција.
Хоџа најави активно вклучување на граѓанските организации, научната и академската заедница, локалните самоуправи и сите други релевантни чинители во насока на изнаоѓање најдобри решенија за еколошките предизвици на замјата.
Министерот Муамет Хоџа, доаѓа на функцијата министер за животна средина и просторно планирање, заменувајќи го претходниот министер Изет Меџити, кој на функцијата министер и прв вицепремиер беше изминативе 18 месеци.
Македонија
ЗНМ: Партиите да не се расправаат преку грбот на новинарите
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) упати допис до политичката партија Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) по повод нивната јавна објава на социјалните мрежи со наслов „Фрљо – последната линија на одбрана на ВМРО!“, во која на навредлив, омаловажувачки и деградирачки начин се таргетира новинар.
ЗНМ изрази сериозна загриженост дека ваквиот тип на комуникација од страна на политички партии е неприфатлив во демократско општество, ја поткопува довербата во медиумите и создава атмосфера на стигматизација и притисок врз новинарската професија.

