Македонија
Богојески: Да гласаме за број 10, за граѓанска контрола во парламентот и за единствената шанса за сигурна промена
Лидерот на Македонски концепт и носител на листа за пратеници за ИЕ1, Петар Богојески, заедно со кандидатите за пратеници од оваа изборна единица го посети и разговара со пазарџиите од Зелениот пазар, од каде што оценија дека владее огромна разочараност од Владата, разочараност од системот и институциите, празни ветувања, а ништо исполнето.
„Со години ги слушаат истите ветувања и се излажани од властите дека ќе им се обезбедат достојни услови за работа во нов реновиран пазар. Политичките елити, мислејќи само на обезбедување глас за власт, воопшто и не ги слушаат проблемите на граѓаните, а камоли да ги реализираат ветувањата. Зелен пазар е руиниран, протекува вода, а пазарџиите се принудени да работат во несоодветни и нехумани услови сè со цел да обезбедат егзистенција за семејствата. Тоа најмногу го чувствуваат во зимскиот период кога се принудени да работат на минусни температури“, вели Петар Богојески, носител на изборна листа за пратеници за ИЕ1.
Богојески упати апел на 15 јули да излезат масовно на гласање и го дадат гласот за број 10 затоа што тоа е единствената шанса што ја имаат за сигурна промена, за достоен и безбеден живот.
„Да излеземе и масовно да гласаме за број 10, да ја преземеме контролата во наши раце! Ако не гласаме поинаку или ако апстинираме од гласање, сè ќе си остане по старо и ништо нема да се смени следните години! Само граѓанска контрола во парламентот може да ги менува работите! Затоа што сите вие заслужување подобро“, додаде Богојески.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина
Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Според информациите на МВР, вчера во 13:30 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го приведоа Н.И.Л.(47) од Република Бугарија затоа што при гранични проверки и извршен преглед во содејство со царински службеници на патничко возило „хонда џез“ со бугарски национални ознаки, со кое допатувал, биле пронајдени и одземени метален боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Од Основен суд Крива Паланка му била изречена парична глоба и санкција „протерување на странец од земјата“ во траење од една година.
На 13.01.2026 во 02:10 часот Н.И.Л. е спроведен во Граничниот премин Деве Баир и е предаден на бугарските погранични полициски служби.
Македонија
МНР апелира македонските државјани да го напуштат Иран во прва можна прилика
Министерството за надворешни работи апелира сите македонски државјани што се наоѓаат во Иран да ја напуштат земјата поради влошената состојба.
„Поради влошената безбедносна состојба во Исламска Република Иран, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија апелира до македонските граѓани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава, истата да ја напуштат во прва можна и безбедна прилика. Истовремено, се апелира да се одложат сите патувања кон Иран кои не се неопходни“, велат од МНР.
Министерството за надворешни работи ги има ставено на располагање сите свои капацитети за асистенција на државјаните на Република Северна Македонија, преку 24-часовниот СОС дежурен телефон +389 75 268 736, електронската адреса [email protected], како и преку дежурниот телефонски број на Дипломатско-конзуларното претставништво на Република Северна Македонија во Анкара: +90 539 456 97 10.
фото/епа
Македонија
Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став 2 од Кривичен законик.
Јавниот обвинител предложи судијата на претходна постапка да определи мерка притвор спрема осомничениот бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и околности го оправдуваат стравувањето дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело.

