Македонија
Борисов до Бучковски: Сегашните и идните генерации нема да ни простат ако не најдеме компромис

Отсекогаш верував дека решенијата може да се најдат на преговарачката маса. Сегашните и идните генерации нема да ѝ простат ниту на Бугарија ниту на Република Северна Македонија ако не најдеме компромис што ќе даде перспектива, изјави премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, за време на неговиот состанок со специјалниот пратеник на македонската влада за разговорите со Бугарија, Владо Бучковски, објави агенцијата „Бгнес“.
Средбата се одржа во Софија пред Борисов да замине за Брисел, каде што ќе учествува во Советот на Европа.
Со цел да се најде одржливо и трајно решение за преостанатите отворени прашања во билатералните односи, според Борисов, потребен е прагматичен, искрен и добронамерен пристап, изразен во конкретни активности.
Тој истакна дека е важно односите на меѓусебна доверба да се вратат на строго и неповратно исполнување на сите обврски преземени со договорот за пријателство, добрососедство и соработка, потпишан во 2017 година.
Борисов вели дека Бугарија досега вложила максимални напори за интеграција на земјите од Западен Балкан во НАТО и ЕУ.
Бучковски вчера пристигна во Софија, што е негова прва посета на Бугарија по назначувањето на новата функција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Полицијата растури две домашни забави во Скопје, приведени се 13 лица

Приведени се 13 лица на две домашни забави во Скопје, бидејќи не ги почитувале мерките за заштита од Ковид-19.
Од полицијата соопштија дека синоќа околу 3 часот по полноќ, влегле во стан на улицата Рајко Жинзифов, каде имало гласна музика и не се почитувале мерките за заштита од вирусот. Полициските службеници, врз основа на судска наредба, извршиле контрола во станот, сопственост на С.Г.(34) од Скопје. Притоа, во станот бил затекнат сопственикот и уште седум лица, на возраст од 25 до 33 години.
Во истиот период, во координација со Јавен обвинител, во стан на улицата Елисие Поповски Марко биле затекнати пет 20-годишници кои правеле забава. Од нив четворица се од Скопје и еден од Битола.
Сите 13 лица се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, информираат од полицијата.
Македонија
Изречени 306 санкции за неносење маскa

Во текот на изминатото деноноќие, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 306 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19.
Македонија
Угостителски објект во Tетовско синоќа работел со 29 гости

Синоќа околу 21.30 часот, во тетовското село Горно Седларце, полицијата го привела 41-годишниот Б.И., чиј угостителски објект работел по дозволеното време и во него престојувале 29 лица.
Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе следува поднесок за непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.
Објектот е времено затворен од Државниот пазарен инспекторат.
Работното време на угостителите е ограничено до 18 часот, како мерка, со цел спречување на ширење на пандемијата.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира