Македонија
Бочварски и американската амбасадорка разговараа за капиталните инфраструктурни проекти
Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска оствари работна средба со американската амбасадорка, Кејт Мари Брнз.
Како што информираат од Министерството, на средбата се разговарало за реализација на капиталните проекти во Северна Македонија, со посебен фокус на патниот и железничкиот Коридор 8.
„Поддршката што ни ја даваат САД на нашиот пат кон ЕУ-интеграцијата е огромна. Соработката е на одлично ниво. Како земја што претендрира да стане членка на ЕУ, имаме многу предизвици, особено во делот на инфраструктурните проекти, кои се многу значајни за нас и кои ќе придонесат за поефикасно регионално поврзување со соседите. Со поддршката од нашите пријатели продолжуваме на патот на развојот и просперитетот“, изјавил министерот Бочварски.
Соговорниците воедно ја истакнале важноста од развојот на инфраструктурата заради полесна интеграција на земјата во европските патни и железнички системи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Следува период на стабилно време, дневната температура ќе биде во пораст
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.

