Македонија
Бочварски: Ја спроведуваме најтемелната реформа во урбанизмот и градежништвото
Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска присуствуваше на завршниот настан во организација на „Транспаренси интернешнл Македонија“, на кој се дискутира за законските постапки во делот на градежништвото и урбанизмот.
Во своето обраќање Бочварски потенцира дека оваа Влада ја спроведува најтемелната реформа во урбанизмот и градежништвото преку изготвување нови законски решенија, Законот за урбанистичкото планирање и Законот за градењето, каде што учество земаат сите заинтерерсирани страни, сѐ со цел носење квалитетна законска регулатива, која ќе биде ефикасна на терен.
„Веднаш да потенцирам дека урбанизмот и градењето се долготрајни процеси. Ова со еден удар не можеме го смениме и тоа што денеска го чувстуваме е рефлексија од времето кога преку ноќ се носеа планови.
Би дал еден пример. Урбанистичките планови донесени во 2010-2012-2014 година, повеќето од нив денес се реализираат. Но, тоа се политиките од тој период со поминати процедури и постапки во тоа време.
Можеби сакаме со една одлука денес да промениме десетици планови, но таа одговорност и тој ризик од долготрајни штетни судски постапки врз буџетите на општините, па и врз државниот буџет, на крајот ќе ја платат граѓаните, сите ние“, истакна министерот.
Тој нагласи дека со новиот Закон за урбанистичкото планирање се овозможува транспарентност на постапките и вклученост на граѓните во планирање и изготвување на урбанистичките планови. Дополнително, донесен е тарифиник за изготвување урбанистички планови за да не се случува изработка на планови за 1 денар. Исто така, во фаза на подготовка е и тарифник за инженерски услуги, потенцира министерот Бочварски.
„Реформските процеси во државата во континуитет ги продолживме за да изградиме здраво општество, кое се темели на правда и сигурност за сите фактори во оваа дејност, од граѓаните, институциите, па сѐ до инвеститорите. Ги повикуваме и граѓаните активно да се вклучат како главен коректор бидејќи со новиот Закон за урбанистичкото планирање овозможуваме и тие да партиципираат при планирањето и изработката на урбанистичките планови“, нагласи Бочварски пред присутните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

