Контакт

Македонија

Бошњаковски заминува од Влада, доби функција во кабинетот на Пендаровски

Објавено пред

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски соопшти дека преминува во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

„Ова е моја последна прес-конференција во овој формат како портпарол на Влада. Преминувам во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. Ја преземам одговорноста на генерален секретар. Ми беше исклучителна чест во овие речиси три години да соработувам со сите вас, да ви служам и се надевам дека соработката ќе продолжи и во наредниот период во една друга форма“, рече Бошњаковски.

Тој му заблагодари на премиерот Зоран Заев за укажаната можност.

Македонија

Царовска: Развиваме концепт за целосна промена на наставните метеријали

Објавено пред

Министерката за образование и наука Мила Царовска, денеска присуствуваше на презентација на резултатите од студијата –„Однесувања поврзани со здравјето кај адолесцентите на училишна возраст во Северна Македонија”, изработена од Коалицијата Маргини.

На презентацијата се зборуваше како стереотипите и дискриминацијата во содржините на учебниците влијаат врз однесувањето на младите, но и во самите училишни средини, семејството и другарување со врсниците.

„Министерството за образование веќе развива концепт за целосна и суштинска промена на наставните и дидактичките материјали за основно и средно образование кои поттикнуваат или ја засилуваат родовата нееднаквост и содржат стереотипи. Потребата од воведување на целосно нов систем за изработка на наставни материјали е резултат на постојаните реакции од јавноста, но и самите наставници за квалитетот на учебниците, долгите постапки за нивно одобрување, како и честите повлекување на учебници поради стереотипи, предрасуди, грешки и недоследности. Со воведувањето на целиот концепт од идната учебна година очекувам надминување на овие долгогодишни проблеми”, рече Царовска.

Резултатите од истражувањето нудат исклучително значајни информации, статистики и анализи за дефинирањето на родовите разлики и нееднаквости со мноштво фактори, ставови, однесувања, практики и здравјето на младите во државата. Но со нивните релации со општеството, родителите, и училиштето, со искуствата на врсничко, семејно и сексуално насилство, како и нивното ментално здравје.

Податоците користени во оваа публикација се добиени во 2018 година, на национален примерок од 4.685 ученици, на возраст на 11, 13 и 15 години, со настава на три наставни јазика, македонски, албански и турски. Истражувањето е спроведено според стандардизиран истражувачки протокол, во 149 основни и средни училишта, од сите региони во земјата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Здружение за заштита на правата: МВР нема воспоставено систем за заштита на вработените од коронавирус

Објавено пред

„Министерството за внатрешни работи продолжува да ги крши правата на вработените, десет дена по одлуката на Владата нема воспоставено систем за заштита на вработените од коронавирусот. Претставки со ваква содржина беа доставени изминатите денови до Здружението за заштита на работничките права (ЗЗРП)“, соопшти Здружението.

„Во претставките се наведува дека и покрај големиот број на заразени од коронавирусот во државата, од кои сериозен процент отпаѓаат на Министерството за внатрешни работи, се уште не направена реорганизација на работниот процес во насока на заштита на здравјето на вработените. Како пример се посочуваат нисокото ниво на хигиена, слабиот пристап до средства за дезинфкција, но и присуството на дури и до десет луѓе, групирани во простории каде што се задржуваат повеќе од 8 часа во текот на денот. Ваква состојба е детектирана во службите во рамки на Бирото за јавна безбедност, но и во рамки на Министерството за внатрешни работи, покажуваат претставките доставени до Здружението за заштита на работничките права (ЗЗРП)“, се наведува во соопштението.

„Прашуваме, кој е одговорен за големата бројка на заразени во Министерството за внатрешни работи и кој ќе сноси одговорност за евентуалното понатамошно галопирачко ширење на инфекцијата.
Воедно, го повикуваме Министерството за внатрешни работи, во најбрз можен рок да направи реорганизација со која ќе обезбеди соодветни услови за работа на вработените во оваа институција.Напоменуваме дека, секое непочитување на одлуките на Владата од страна на одговорните лица на институциите повлекува кривична одговорност и ги повикуваме вработените во оваа значајна институција своите права да ги бараат пред надлежните судски органи во државата.
Министерството за внатрешни работи има обврска да го заштити и чува здравјето на граѓаните, а тоа подразбира заштита и чување пред се на здравјето на своите вработени. Здравјето на населението е најважно и тука нема никакви компромиси, согласно законските прописи сите институции и организации имаат обврска на вработени да им овозможат работа во услови кои се сигурни и безбедни за нивното здравје“, велат од Здружението за заштита на работничките права.

Прикажи повеќе...

Македонија

Демократски сојуз: Итни и сеопфатни мерки за намалување на аерозагадувањето

Објавено пред

Демократскиот сојуз смета дека надлежните власти треба да преземат итни и храбри чекори во борбата против аерозагадувањето кое со почетокот на грејната сезона станува централен проблем во Скопје, но и во целата држава и годишно одзема 1500 животи во Македонија. Иако централната, но и локалните власти, неспорно се обидуваат да преземат мерки за намалување на аерозагадувањето, како што се субвенциите за инвертер клими, набавката на еколошки автобуси и пронаоѓањето на потенцијалните извори на загадување, сепак се чини тоа како да нема речиси никаков ефект и секојдневно гледаме како граничните дозволени бројки на ПМ 2,5 и ПМ 10 се пречекоруваат неколкукратно.

Демократскиот сојуз предлага да ги користиме стратегиите на другите земји и градови кои постигнаа огромен успех во намалувањето на ПМ 2,5 и ПМ 10 честичките. За таков успешен пример се смета градот Лондон во Обединетото Кралство, кој во голема мера го намали загадувањето чиј извор се моторните возила.

„Како дел од мерките кои предлагаме да се преземат во градот Скопје се:воведување зони со ултра ниски емисии.Да се разработи модел, врз основа на кој, за да може некој да вози во централното градско подрачје, ќе треба да плати одредена дневна такса. Од таа такса да бидат ослободени само оние возила кои го исполнуваат минимум EURO 6 стандардот, а во иднина овој критериум да се заостри и само оние возила кои имаат нула емисии на штетни гасови да бидат ослободени од плаќање такса. Подобрување на флотата автобуси за јавен превоз. Сите автобуси да го исполнуваат минимум EURO 6 стандардот, како и да се набавуваат електрични или автобуси на гас.Подобрување на флотата на такси возилата. Градската власт да субвенционира сите такси возила да бидат придвижувани на гас или на електричен погон.Субвенции и други стимуланси при купување електрични возила, како и инсталација и поддршка на инфраструктура за електрични возила“, соопшти партијата.

Демократскиот сојуз смета дека е неопходно Владата во соработка со локалните власти, научниците и стручните лица и институции, итно да изработи стратегија за намалување на аерозагадувањето, која ќе вклучува храбри и големи чекори за конечно, за период од 3-4 години вистински да почувствуваме свеж воздух. Ова секако вклучува и засилување на контролата и санкциите за користење недозволени извори на енергија во производствениот процес во фабриките и малите погони – како отпад,прегорено масло, лакови, пластика, гуми и сл., преиспитување на А-интегрираните еколошки дозволи на големите индустриски капацитети и нивно затворање доколку не ги почитуваат стандардите, како и робусна и финансиски повисока поддршка на семејствата за замена на енергенсите за затоплување.

„Но, освен тоа што надлежните власти мораат да делуваат за да го заштитат здравјето на граѓаните, токму и ние, граѓаните, мораме со нашите дејствија да придонесеме во битката со аерозагадувањето. Како дел од она што секој од нас може да го направи е:да го намалиме патувањето со нашите автомобили и да користиме јавен превоз и/или велосипед и други еколошки превозни средства, да ја намалиме потрошувачката на енергија, да го напуштиме традиционалното затоплување на дрва и да преминеме на други еколошки извори на енергија.Во спротивно, аерозагадувањето и Ковид-19 ќе се натпреваруваат кој ќе нанесе повеќе штета на животот и здравјето на граѓаните“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија42 минути

АЕК ќе спроведува физибилити студија за влијанието на 5G мрежата врз здравјето на луѓето

Агенцијата за електронски комуникации наскоро ќе распише меѓународен тендер за избор на компанија која ќе изработи физибилити студија за влијанието...

Македонија55 минути

Задолжителна самоизолација од закажувањето тестирање за Ковид-19, казните се 50 евра

Со новите законски измени, самоизолацијата е задолжителна при тестирање за Ковид-19 од закажување на тестот или самото тестирање, па се...

Свет1 час

Во нападот во Ница убиени се три лица, една жена е обезглавена

Во нападот што се случи во Ница, за кој се сомнева дека е терористички, убиени се три лица со нож,...

Македонија3 часа

МОН најави реформа на учебниците по честите реакции за грешки и стереотипи во нив

Министерството за образование и наука формира работна група која развива концепт за целосна и суштинска промена на учебниците за основно...

Македонија3 часа

Стапија во сила новите мерки – забрането е групирање по 22 часот, казната е 500 евра

Од денеска забрането е групирање на отворено на повеќе од четири лица по 22 часот, а казната за непочитување на...

Свет4 часа

Едно од ретките места во светот без коронавирус ги забележа првите два случаја

Маршалските Острови, едно од последните места во светот каде што немаше коронавирус, ги забележаа првите два позитивни случаја, пишува Би-би-си....

Македонија4 часа

Од денеска маските се задолжителни на отворено

Собранието синоќа со 53 гласови „за“, 26 воздржани и ниту еден глас против ги изгласа измените во Законот за заштита...

Македонија4 часа

Седница на Советот за безбедност за состојбата со коронавирусот во Македонија

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“, со почеток во 11 часот, ќе се одржи седница на Советот...

Европа14 часа

(Видео) Од петок карантин во цела Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон прогласи каратин од петок што ќе трае најмалку до 1 декември. „Бранот се рашири низ цела...

Македонија15 часа

Славјанка Петровска позитивна на коронавирус, качила температура додека била на седница во Собранието

Актуелната пратеничка во Собранието од СДСМ и поранешна дополнителна заменичка на министерот за внатрешни работи во техничката влада Славјанка Петровска...

Македонија15 часа

Во Скопје рекорден број новозаразени, Аеродром надмина 700 активни случаи

Во Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани рекордни 422 нови случаи на Ковид-19, а во тој период починале тројца...

Македонија16 часа

Рекордни 870 нови случаи на коронавирус во Македонија, починаа 14 лица

Во последните 24 часа во Македонија 14 лица починаа од коронавирус, а потврдени се 870 нови случаи од  2.647 тестирања,...

Свет18 часа

Германија воведе строги мерки: рестораните, кината и баровите ќе бидат затворени 4 недели

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека германските власти се согласиле на четиринеделен делумен карантин. Во овој временски период затворени...

Македонија21 час

МОН го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение

Министерството за образование и наука го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение поради несоодветна и дискриминирачка содржина. „Во...

Македонија22 часа

Пауновски: Нови вработувања ќе има в година, дотогаш ќе се снаоѓаме

Државниот пазарен инспекторат добил од Владата ветување дека в година ќе им бидат одобрени бараните 20 нови вработувања. Директорот на...

Македонија22 часа

Поради контакт со Спасовски, само едно лице е во изолација

Државниот санитарен и здравствен инспекторат издал само едно решение за изолација на лице што било во контакт со министерот за...

Македонија22 часа

Пожарникарите протестираа пред канцеларијата на Шилегов

Пожарникарите на мирниот протест пред канцеларијата на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, порачаа дека не се откажуваат од своето барање...

Македонија23 часа

Поранешениот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, осуден на шест години затвор

Поранешениот шеф на кабинетот на ексдиректорот во УБК, Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, е осуден на шестгодишна затворска казна во случајот...

Македонија23 часа

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – совет во учебник по македонски за шесто одделение

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – ова е совет во учебник по македонски за шесто одделение....

Македонија1 ден

Советот за безбедност ќе одржи седница за состојбата со коронавирусот

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“, утре, 29 октомври, со почеток во 11 часот, ќе се одржи...

Досие