Македонија
Вакцинирани 71 отсто од вработените во градинките
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, ја посети детската градинка „Сончоглед“, клон на ЈДГ „Весели цветови“ во скопската општина Кисела Вода. На првиот ден од септември, кога бројот на децата во градинките се зголемува, министерката апелира за важноста од почитувањето на здравствените протоколи во време на пандемијата предизвикана од Ковид-19. Таа нагласи дека состојбата во градинките е стабилна.
Шахпаска порача дека Владата и Министерство за труд и социјална политика продолжуваат да се грижат за здравјето на нашите најмали бидејќи децата се нашето непроценливо богатство.
„Со оглед на фактот што од први септември се зголемува и бројот на деца присутни во градинките, денес сме во посета на клонот ‘Сончоглед во склоп на градинката ‘Весели цветови во општина Кисела Вода. Сакам да споделам со граѓаните дека во согласност со последниот пресек, 71 отсто од вработените во градинките се веќе вакцинирани. Меѓутоа, кога говориме за процентот на вакцинирани негуватели и воспитувачи, овој број е уште поголем. Апелирам до сите вработени да пристапат кон процесот на вакцинација затоа што преку грижа за личниот имунитет тие придонесуваат за колективниот имунитет и, пред сѐ, за грижата за нашите најмлади, односно децата сместени во детските градинки“, рече Шахпаска.
Таа потенцира дека во насока на обезбедување што поголема здравствена сигурност вработените во детските градинки треба да го почитуваат протоколот за превенција и заштита од ширење на вирусот како основна алатка за непречено функционирање на детските градинки. Во таа насока МТСП организира и онлајн-средба меѓу вработените во градинките со докторите Жарко Караџовски, Кристина Ставридис и Сузана Маневска, на која беа расчистени сите дилеми што ги мачат вработените во врска во имунизацијата.
При посетата министерката Шахпаска беше информирана дека до почетокот на новата грејна сезона клонот „Сончоглед“ со капацитет за 180 деца ќе има нова енергетска фасада. Реконструкцијата е во соработка меѓу Општина Кисела Вода и компанијата „Усје“. Ова е пример на добра соработка во интерес за подобро згрижување на децата, рече Шахпаска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

