Македонија
Велковски во градинка во Дреново: Буквално секое дете од Кавадарци ќе биде згрижено
Техничкиот министер за труд и социјална политика Ѓоко Велковски денес направи увид во градинката во кавадаречко Дреново, која е заеднички проект на Општина Кавадарци и Министерството за труд и социјала.
„Имаме можност да видиме дека навистина Општина Кавадарци заедно со Министерството за труд и социјална политика прави еден проект кој буквално значи дека секое детенце тука во општина Кавадарци може и ќе биде згрижено од страна на детската заштита. Ова е една одлична порака што ја праќаме како Општина Кавадарци и како Министерство дека буквално секое детенце ќе има можност и простор да биде згрижено и да биде дел од детската заштита. Овој објект е адаптиран од страна на Општина Кавадарци, а опремата е финансирана од страна на Министерството за труд и социјална политика“, рече техничкиот министер за труд, Велковски.
Најави дека ваквите проекти, кои имаат особено значење за населените места, каде што има реална потреба од градинки, а ги нема, Министерството и во иднина ќе ги поддржува.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

