Македонија
Велјановски: Заев ги стави во ист кош модуларните болници и терасите на кафеаните
Трагедијата што се случи во модуларната болница во Тетово и жртвите коишто ги зеде истата Зоран Заев, без око да му трепне, ги стави во ист кош со градба на тераси и кафеани, истакна Александар Велјановски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието.
Според него, Зоран Заев вчера по којзнае којпат покажал дека за него загубата на човечки животи не значи ништо. Тој и неговата банда, вели Велјановски, продолжуваат да се однесуваат како ништо да не се случило.
„Имено, Зоран Заев вчера изјави, цитирам ‘Сите знаеме дека државата не градеше со одобрение за градба, статики, локациски услови како што се градат сите болници’. И замислете, за ваква изјава тој сè уште не е повикан во Јавното обвинителство. Во секоја нормална демократска држава Зоран Заев по ваква изјава од позиција на премиер на истата ќе беше повикан во Јавното обвинителство и ќе беше отворена истрага против него, но и против целата Влада која е дел од процесот на поставување на модуларните болници“, рече Велјановски.
Во однос на изјавата на Заев дека прашањето за морална одговорност и негова оставка станало банално, Велјановски рече дека не е банална ниту несреќата, ниту барањата за оставки, туку банален е Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.
Македонија
Сончево и релативно топло, максималната температура до 20 степени
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Во четврток се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, особено во попладневните часови и во текот на ноќта.

