Македонија
(Видео) „Ако Филипче има златна виза од друга држава, тогаш како може да вели дека тој е иднината“, кажа Манасиевски
„Венко Филипче призна дека поседува златна виза за Дубаи, која не била обична виза, туку златна виза, која ја користел за преговори со болница. Ако Филипче има златна виза од друга држава, тогаш како може да вели дека тој е иднината на оваа. Венко Филипче на 9 мај 2025 година признава дека поседува златна виза за Дубаи, а само неколку недели пред тоа, на 25 април 2025 година, истиот тој Венко Филипче, демантира дека поседува виза за Дубаи“, рече Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Чиракот учи од мајсторот за лаги Заев. Во стилот на Заев, денес едно, утре друго. Но, најважното коешто Филипче треба да го одговори пред јавноста е следново:
-Како се добива златна виза за Дубаи, за преговори? Впрочем, нели немал виза и сето ова што ние го говоревме претходно било пропаганда?
-Кои се тие преговори кои Филипче ги има спроведувано и во која фирма? Дали како партиски функционер, пратеник или пак министер?
-Која е приватната болница со која што Филипче има преговарано?
-Дали тука станува збор за бизнис?
-И дали Филипче ќе ја покаже во јавност визата?
Филипче со месеци молчеше за визата, мислејќи дека народот ќе ја заборави. Прашањето исто така е зошто ја криеше?
Венко Филипче е класичен манипулатор и човек кој нема образ и нема срам да ги лаже македонските граѓани. Венко Филипче е човекот поради кого македонското општество е на колена.
Венко Филипче е најдобриот ученик на криминогениот Зоран Заев.
Венко Филипче и СДС се синоним за неспособност, криминал и корупција“, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево време со температута од 17 степени, за утре метеоролозите најавија повремени локални врнежи од дожд
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos

