Македонија
(Видео) Андоновски: ВМРО-ДПМНЕ во ноември ќе одржи редовен партиски конгрес

Вечерва на редовна седница на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ била донесена одлука за оддржување на редовен конгрес на партијата во ноември.
„ЦК на ВМРО-ДПМНЕ по предлогот на ИК кој заседаваше уште пред два дена, донесе одлука за оддржување на редовен конгрес на партијата во месец ноември. Воедно ВМРО-ДПМНЕ и нејзините функционери ќе бидат на терен по градовите и селата заедно со народот“, посочи на прес-конференција, членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски.
Тој нагласи дека партијата смета оти одбивањето на иницијативата за собирање на граѓански потписи за носење на закон за поништување на Законот за попис, преставува чекор во кој, како што рече, се гледа стравот на власта од соочување со народот и неговата волја.
„ВМРО-ДПМНЕ покрај пратеничките потписи, донесе одлука во сопствена организација да почне со собирање на граѓански потписи насекаде низ државата, кои ќе дадат легитимитет на нашата одлука пратениците да поднесат закон за укинување на законот за попис. Нема да ја ускратиме можноста граѓаните да се вклучат во нашата иницијатива да се стопира фалсификатот на пописот“, нагласи Андоновски.
Претходно денеска иницијативата за промени во ВМРО-ДПМНЕ закажа вонреден партиски конгрес на 28 март во Скопје.
Членовите на ова тело најавија дека дека главни точки за дискусија ќе бидат отчет за сработеното од страна на актуелниот претседател Христијан Мицкоски и гласање на доверба.
Во однос на ваквите најави, Андоновски вечерва рече дека Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за ваква иницијатива заседавал уште пред неколку месеци и едногласно донел одлука за отфрлање на истата, согласно статутарните овластувања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Демократски сојуз: Нема услови СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да формираат заедничка влада

Демократскиот сојуз цени дека нема услови да се формира Влада поддржана од СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи, како што велат од оваа политичка партија, ниту понудата е сериозна, ниту пак одговорот е искраен.
„Поради ова, нaместо јалови расправии, сметаме дека Владата мора посветено да работи на ефикасна борба против пандемијата (посебно набавка на вакцини), деблокада на евроинтеграциите, реформи на судскиот систем и декриминализација, стабилност на државата и економскиот развој“, се наведува во партиското соопштение.
Во него се додава и дека опозициските партии мора поодговорно да дејствуваат и да ги поддржат законските проекти сврзани со справување со последиците од здравствената криза и градење на единство околу националните и државни прашања.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Со предлогот за широка влада, Заев како давеник се фаќа за сламка

Во однос на прашaњето за широка владина коалиција од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека никакви очајнички потези повеќе не му поминуваат на Зоран Заев.
„Зоран Заев е исплашен човек. Свесен дека владата му виси на конец, како давеник кој се фаќа за сламка дава предлози за широка влада, за спас на неговата политичка кариера, како и спас за најкриминалната влада“, стои во писменото соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Од оваа партија додават дека на криминалецот Заев како што го нарекуваат, треба да му е јасно дека нема да се спаси од одговорност за сите штети кои и ги направи на Македонија.
„Народот се погласно се спротивставува на хибридниот режим на СДСМ, тоа го покажуваат и последните анкети. Зоран Заев ќе доживее убедлив пораз. Исплашен од нискиот рејтинг, Зоран Заев преку дворски игри заедно со поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ се обидува да се меша во ВМРО-ДПМНЕ. Никакви иницијативи позади кои се потврди дека стои директно Заев, нема да му ја спасат владата која и така едвај функционира“, наведуваат од партијата.
Според нив, крајот на политичката кариера на Зоран Заев се ближи.
„Ќе одговара и Зоран Заев и кликата околу него, ќе лежите во затвор“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
„Држава што не постапува е држава што силува“ – марш за женските права по повод 8 Март

Денеска по повод Меѓународниот ден на жената, со почеток во 15 часот, од пред Министерство за внатрешни работи ќе започне петтиот Марш за женските права.
Под слоганот: „Држава што не постапува е држава што силува“, на маршот ќе биде упатена порака дека не може жените да бидат слободни, кога сè уште се борат за своите работнички права, достоинство и почит, и живеат под закана од насилство и системска дискриминација.
„Маршираме бидејќи држава што не постапува е држава што силува. Маршираме за поддршка на сите жртви на криминалната група „Јавна соба“ и сите жртви на родово засновано насилство. Маршираме за да ги потсетиме институциите, МВР и Јавното обвинителство, дека нема да застанеме додека не ги исполнат нашите барања“, велат од организаторите на маршот.
Тие порачуваат дека Јавното обвинителство неодложно и темелно треба да го расчисти случајот „Јавна соба“, кој претставува кривично дело во кое огромен број жени се жртви на родово засновано насилство. Бараат кривичен прогон на администраторите на групите, како и сите членови кои праќале и сѐ уште праќаат фотографии и објавуваат лични податоци на девојки и жени. Организаторите на маршот се децидни дека сексуалното вознемирување преку интернет посебно треба да се регулира и во Кривичниот законик. Неопходно е и професионално постапување, помош и поддршка на жртвите на родово засновано насилство од страна на сите надлежни институции.
Маршот за правата на жените ќе се одвива според однапред определена рута, тргнувајќи од пред МВР, каде ќе има обраќање, а потоа до Паркот Жена Борец, каде ќе заврши маршот со обраќање до јавноста и институциите.
Маршот е во организација на Платформата за родова еднаквост и активистките за женски права.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа2 недели
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“