Македонија
(Видео) Андоноска:Јавно го повикуваме Филипче да стави мораториум за приватизацијата на здравствениот систем
Секојдневно сме сведоци дека здравствениот систем во Република Македонија континуирано се руинира, а здравствените работници се деградираат и понижуваат. Владата на СДСМ и министерот за приватно здравство Венко Филипче се болест за јавното здравство, изјави Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.
Според неа, стана повеќе од јасно дека министерот за приватно здравство, Венко Филипче, во договор со комерцијалистот Зоран Заев, и во соработка со најнеспособниот градоначалник на град Скопје Петре Шилегов го деградираат и во континуитет го приватизираат здравствениот систем. Градоначалникот на Скопје, го остави дворот на Клинички центар да се претвори во депонија, а за сообраќајниот хаос во клиниките ги обвинува лекарите и здравствените работници.
,,Повеќе од очигледно е дека оваа тројка на власт, не се свесни за значењето на јавното здравство во една држава. Заради тоа ги ставаат инвестициите во приватниот здравствен сектор, а во континуитет го уништуваат јавното здравство и ги понижуваат здравствените работници.
Нема никаква реализација од најавуваните проекти за подобруваења на здравствениот систем кои ги вети СДСМ. Сведоци сме единствено на зајакнување на приватните здравствени болници. Такви се идеите за давање под концесија на трансплантацијата на органи, префрлување на Детската кардиохирургија во приватна клиника, физибилити студија за да се приватизира Итната медицинска помош, како и Домашна посета?!”, рече таа.
Според Андоновска, министерот за приватно здравство, наместо да ги зајакнува институциите на јавното здравство, прави континуирани напори како да приватизира некој дел од него. Пред да се реализира експериментот на Владата на Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче за префрлање на Детска кардиохирургија во приватно здравство, пациентите и граѓаните треба да добијат повеќе одговори.
,,Затоа го прашуваме министерот Филипче каде се професорите и докторите од педијатрија и детските хирурзи да дадат свое мислење за овој проект? Сте ги прашале ли министер засегнатите родители? Знаете ли министер колкава е бројката на смртност, колку дечиња се реоперирани поради постоперативни компликации, каков квалитет на живот имаат овие деца, дали имаат соодветна терапија, во чии раце ќе ги доверите нивните животи, колку се стручни луѓето кои ќе оперираат и до каде сте министер Филипче со најавениот фонд за финансирање и лекување во странство на деца до 18 години предвиден во програмата на СДСМ, или и ова е една од многуте предизборни лаги???
Јавно го повикуваме министерот Филипче и премиерот Заев, да стават мораториум на сите проекти за т.н. јавно приватно партнерство и приватизација на здравствениот систем, а особено приватизација на трансплантацијата. Постои голем ризик доколку оваа метода се префрли во приватните болници да дојде до појава на криминализација на постапката и постои голем ризик Македонија да биде ставена во групата на земји каде што се врши продажба на органи. Оваа метода треба да се развива под контрола на сериозни институции како национален координатор и заменик национален координатор, кои што треба да бидат целосно во тек за спроведување на овие процедури. Во спротивно најавениот развој на трансплантацијата ќе биде само уште едно неостварено ветување. Воедно апелираме до министерот Филипче, итно да го прекине проектот за Детска кардиохирургија, мораториум на операциите и отворање широка јавна дебата од сите чинители, како би се донело најсоодветното решение во интерес на овие дечиња и нивните родители”, додаде таа.
Според Андоновска, СДСМ и Филипче докажаа дека единствено се борат само за лично богатење и богатење на поединци од СДСМ. Сето ова претставува уништување на се што е создадено во јавниот здравствен систем.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
АХВ: Уништени над 1 тон небезбедна храна од продавниците за здрава храна
Илјада и десет килограми небезбедна „здрава храна” уништија инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство кај 14 оператори во рамки на 373 контроли спровдени неделава, кај оператори именувани како објекти за производство и промет со здрава храна, соопшти АХВ.
Со контролите утврдено било дека 14 оператори воопшпто не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата.
За утврдените недоследности со контролите, биле издадени 65 решенија, 19 опомени и 44 парични казни, во вкупна вредност од 20.550 евра.
„Кај 9 оператори со контролите утврдени биле незадоволителни хигиенски и технички услови во објектите, кај 7 била пронајдена храна со поминат рок на употреба. Кај двајца оператори најдена била и храна со непознато потекло. Несоодветно означена била храната кај 18 оператори, а кај 23, вработените немале спроведено задолжитрелен здравствен преглед. Двајца од операторите немале воспоставени процедури за Добра производствена и Добра хигиенска пракса, или не воделе соодветни записи. Кај исто толку оператори не била извршена задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација во објектите“, пишува во соопштението на АХВ.
Македонија
СДСМ: Наместо луксуз на власта со авиони, да се пренаменат пари за 600 евра минимална плата
Животот во Македонија станува сѐ поскап, работниците едвај врзуваат крај со крај, а власта сѐ луксузира врз грбот на народот, велат од СДСМ.
„Според последните податоци, синдикалната кошничка во февруари достигна 67.400 денари. На едно четиричлено семејство не му се доволни ниту 3 минимални плати месечно за да ги покрие основните потреби. Над 200 илјади работници земаат плата под 30.000 денари. Со сегашното ниско ниво на минимална плата не можат да се покријат трошоците за основни потреби, храната, сметки.. Тешкото секојдневие, високите сметки и поскапувањата ги доведоа работничките семејства на раб. И додека граѓаните се борат за корка леб, премиерот Христијан Мицкоски се луксузира на сметка на народот – со владини авиони, со скапи часовници од 60 илјади евра. Време е да се укине луксузот на власта, а работниците да добијат достоинствени плати, какви што заслужуваат. Бараме парите што власта ги планираше за нов авион да се пренаменат за минимална плата од 600 евра за сите работници. Нема повеќе оправдувања дека „нема пари“. Имало пари за нов авион, за мебел, за уредување кабинети, за службени автомобили. Нека направат ребаланс на Буџетот и нека ги пренаменат парите за плати. Доста е расфрлање со милиони за авиони – мали или големи – додека народот тоне. Доста е луксуз на грбот на народот“, стои во соопштението на СДСМ.
Македонија
Обвинителство: Забрана за две правни лица од Велешта да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум
Преземајќи истражни дејствија по наредба на Основното јавно обвинителство Струга за испитување на причините за загадувањето на водата од извориштето во селото Шум, истражните органи затекнаа работни машини на две правни лица од Велешта кои вршеле кршење, ископ и транспорт на карпи во поголем обем во непосредна близина на изворите, информираат од Обвинителството.
Како што се наведува во соопштението, поради сомненија за кривични дела – Незаконита експлоатација на минерални суровини од член 225-а и Загадување на водата за пиење од член 219 од Кривичниот законик, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка веднаш достави предлог за определување мерки на претпазливост – забрани на правните лица да ги посетуваат парцелите каде вршеле ископ и забрана да преземаат какви било работни активности на подрачјето.
Основното јавно обвинителство Струга продолжува да презема дејствија за обезбедување докази и испитување на евентуална кривична одговорност во однос на енормното загадување на изворите во Шум од каде подрачјето на градот Струга се снабдува со вода за пиење, стои во соопштението.

