Македонија
(Видео) Арсовски: Анѓушев да поднесе оставка поради скандалите во Грција
,,Кога веќе Анѓушев молчи и одбегнува да даде одговори за скандалите кои се врзуваат за него во соседна држава, тогаш прашуваме дали јавноста може да очекува дека по допрен глас нашето обвинителство и надлежните институции ќе го истражат овој случај кој ја тресе јавноста во Македонија и Грција? До тогаш, доколку има истрага, бараме Анѓушев да си поднесе оставка за да не може да влијае врз истрагата од позиција на власт кој што во моментот ја има”, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, вицепремиерот за скандали Кочо Анѓушев не престанува да отвора нови сомнежи за криминал, не само во Македонија, туку и во Грција. Оваа црнила што ни се случува во државата е резултат на црните биографии на функционерите на оваа криминална влада на СДСМ.
,,Во грчките медиуми веќе се најавува истрага на грчкото обвинителство за продажбата на фирма ЕДС која што беше во сопственост на ЕДС на грчката државна компанија за електродистрибуција (ДЕИ). Ние, а и јавноста во Македонија изразивме сомневање во легалноста на оваа продажба, особено ако се има предвид дека се случи неколку месеци пред потпишувањето на капитулантскиот договор од Преспа со кој се рушат македонските национални и државни интереси. Патем да не заборавиме дека Анѓушев беше еден од првите функционери кој уште пред финиширањето на договорот лицитираше со името на државата. Дали овие изјави на Кочо Анѓушев во врска со промената на името и продажбата на неговата фирма на грчка државна фирма имаат некаква поврзаност треба да го испитаат и нашите институции, се разбира ако имаат доблест и храброст да се отргнат од канџите на власта и на Зоран Заев.
Дополнителен сомнеж дека се работи за матна зделка од која зависи и идентитетот на државата, на секој граѓанин на Република Македонија говорат и информациите кои ги добиваме од грчките медиуми кои велат дека милионите евра се исплатени на личната сметка на Кочо Анѓушев, 4,8 милиони евра.Кочо Анѓушев е само олицетворение на целокупната власт предводена од Зоран Заев. Овој криминален картел на власт не пропушта можност за лично богатење без да бира методи и средства. Овие луѓе кога се работи за нивниот личен интерес немаат ништо свето, ниту име, ниту идентитет, ниту народна волја, ниту Устав, ниту Закони.
Затоа сите треба да си дадат оставка за Република Македонија конечно да тргне напред!”, рече Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.
Македонија
(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.
Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.
„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

