Контакт

Македонија

(Видео) Арсовски: Братот и синот на Мира Дизел се вработени еден ден по распишувањето на изборите

Објавено пред

Од ВМРО-ДПМНЕ ја повикаа пратеничката од СДСМ, Мира Стојчевска, јавно да каже дали, освен син ѝ, кој се вработил во ЕЛЕМ, и брат ѝ е вработен во РЕК „Битола“? Според информации на партијата, и двајцата биле вработени пред распишувањето на претседателските избори.

„Воопшто не ѝ е лесно на пратеничката Мира (Дизел) Стојчевска штом не знаела и морала од медиумите да разбере дека нејзиниот син Виктор Стојчевски аплицирал и, за негова среќа, бил вработен во државната ЕЛЕМ. За да не ги обвини медиумите дека кријат информации од неа, еве да ѝ помогнеме со уште една информација, која би сакале да ја потврдиме пред целата македонска јавност. Почитувана Мира, дали е точно дека, освен Виктор, твојот син вработен во ЕЛЕМ, преку агенција за привремени вработувања е примен и твојот брат како перспективен бравар со завршено средно училиште? Еве ѝ шанса на Мира (Дизел) Стојчевска да се јави кај својот брат и да го праша дали и тој е ангажиран во ЕЛЕМ, односно во РЕК ‘Битола’, дали е на определено или неопределено време и дали и тој почнува со работа од 11 февруари?“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Според нашите информации, додаде тој, датумот на спроведување на вработувањето на син ѝ и на брат ѝ во Агенцијата за вработување е 9 февруари, односно во саботата, а изборите се распишани во петокот на 8 февруари.

„Првиот работен ден на Виктор и на братот на Мира им бил вчера, односно на 11 февруари, во понеделникот, три дена по распишувањето на претседателските избори од страна на Собранието. Она што е симптоматично и ја интересира јавноста е следново: дали е точно и како е можно син ѝ на Мира Стојчевска да биде пријавен како вработен во државната ЕЛЕМ ден по распишување на претседателските избори во Собранието?“, рече Арсовски.

Според него, премногу е симптоматично како е можно сите блиски роднини на функционерите од власта токму сега да добијат шанса за вработувања и тоа баш во институциите и претпријатијата каде што платите се многу повеќе од просечната плата од 500 евра што ја ветуваше Зоран Заев пред изборите.

Најново

Спорт55 минути

Кејн: Роналдо, јас, Златната топка… Сценарио од најлудите соништа

Капитенот на англиската репрезентација, Хари Кејн, подготвен е да стане рекордер по број на настапи за националниот тим, а пред...

Свет1 час

Маск вложува 60 милиони евра во германска технологија за центри за вештачка интелигенција во вселената

Компанијата „Спејс Икс“ на Илон Маск потпиша договор вреден 60 милиони евра со германската компанија „Сингулус технолоџис“ за набавка на...

Спорт1 час

„Инфантино треба да биде испратен во психијатриска установа“

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, го нападна својот наследник Џани Инфантино, нарекувајќи го диктатор, велејќи дека можеби ќе му...

Спорт1 час

САД го сакаат Гвардиола за селектор

Фудбалската асоцијација на Соединетите Американски Држави го гледа Пеп Гвардиола како идеален наследник на Маурисио Покетино, ја пренесе „Атлетик“, обајавата...

Свет2 часа

Трамп: Го победивме Иран, но сакаме целосна победа

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска прогласи победа на Соединетите Американски Држави во војната против Иран, која трае повеќе од осум...

Забава2 часа

Не ги оставајте прозорците подотворени во зима: како правилно да го проветрувате домот

Оставањето на прозорецот подотворен на кип изгледа како практичен начин постојано да влегува свеж воздух во просторијата. Меѓутоа, во зима...

Свет2 часа

Осудена на 100 удари со камшик бидејќи родила дете надвор од брак: „Не го заслужувам ова“

Кениската државјанка Естер Ванџа Мутони, која работела како домашна помошничка во Саудиска Арабија, е осудена на 100 удари со камшик...

Забава3 часа

На четири хороскопски знаци им претстои подобар период – проблемите остануваат во минатото

Според астролошките прогнози, четири хороскопски знаци влегуваат во поповолен период во кој би можеле да ги надминат проблемите, да ја...

Регион3 часа

Пленковиќ ја предупреди Црна Гора: Нема затворање на преговорите со ЕУ без договор за границата

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ порача дека Црна Гора нема да може да ги затвори пристапните преговори со Европската Унија доколку...