Македонија
(Видео) Арсовски: Дали пратеничката Тања Ковачев ги вработила сопругот, сестрата, зетот и золвата
Епидемијата од непотизам од најтежок вид ја има зафатено фамилијата на пратеничката Тања Ковачев од СДСМ, обвини порпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, на прес-конференција.
„Мислиме дека на овој случај може дури да му позавиди и Мира (Дизел) Стојчевска, дури и да биде љубоморна. Се работи за работни места со многу високи плати, многу повисоки од просечната плата што ја добиваат граѓаните во Република Македонија“, рече Артсовски.
Тој праша дали сопругот на пратеничката Тања Ковачев, Дејан Ковачев, без соодветно образование, е вработен во АД „Аеродромски услуги – Аеродроми на Македонија“, а сестрата на истата пратеничка, Катерина Хаџиевска-Јакимовска, е вработена во УЈП како инспектор за игри на среќа. Опозицијата бара одговор дали зетот за сестра, Бобан Јакимовски, е вработен во „Водовод и канализација“ – Скопје, а Елеонора Фунду, золвата, односно сестрата на сопругот на пратеничката, е поставена како претседател на Надзорниот одбор на АД „Аеродромски услуги – Аеродроми на Македонија“, каде што работи Дејан Ковачев, мажот на Тања Ковачев.
„Ако е сето ова точно, тогаш во епидемијата на непотизам имаме и прв случај на вработена золва, покрај сите случаи на вработени мајки, синови, ќерки, сестри, браќа, свекрви, сопрузи, баби, дедовци и фризерки на високи функционери на СДСМ, меѓутоа да не им се мешаме и да не им навлегуваме во семејните релации и работи. Да нaпоменам дека некои од овие информации што ги презентиравме ги добиваме од граѓаните, па и од членови што се крајно разочарани од оваа крими-непотистичка власт на деспотот Зоран Заев. Секој ден добиваме писма и пораки од разочарани граѓани од оваа власт, која ја претвори државата во приватна фирма за удомување функционерски роднини на грбот и на сметка на граѓаните што плаќаат даноци“, рече Арсовски.
Опозицијата праша зарем во државата нема други невработени што треба да се вработат.
„Како тоа токму нивните роднини се или единствените што конкурирале или се најдобрите кандидати очекуваме сè уште да кажат функционерите на СДСМ“, рече Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.
Македонија
СДСМ бара оставка од Тошковски по трагедијата во Карпош
СДСМ побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по трагедијата во скопската населба Карпош, каде што починаа мајка и дете.
Од партијата велат дека случајот покажал сериозни пропусти на институциите во заштитата од семејно насилство.
„Институциите биле алармирани, имале сознанија и индиции за ризик, но со нивната несоодветна реакција не ги заштитиле жртвите“, наведуваат од СДСМ.
Од партијата оценуваат дека потфрлил институционалниот систем, вклучително и МВР и центрите за социјална работа.
Тие потсетуваат и на случајот во Велес, каде пред неколку месеци беше убиена млада жена заедно со нејзиниот татко, и покрај претходни пријави за насилство.
„Само во 2026 година изгубени се четири животи поради родово базирано и семејно насилство“, наведуваат од СДСМ.
Партијата бара оставка од Тошковски и темелна истрага која, како што велат, ќе утврди одговорност кај сите службени лица од МВР, центрите за социјална работа и другите надлежни институции.

