Македонија
(Видео) Арсовски: Пратеничката Милева Ѓорѓиева си ги вработила синот, снаата и братот
Пратеничката од СДСМ, Милева Ѓорѓиева од Радовиш, направила копи-пејст на моделот за вработување наречен „Мира Дизел вработување“. Ова го изјави портпаролот на ВМРО-ДМНЕ, Димче Арсовски, на прес-конференција.
Освен што ѝ се вработи синот во МВР како инспектор за јавна безбедност, радоста во семејството на Милева го дополнува и вработувањето на уште неколку други членови на семејството, обвинува Арсовски.
„Прашуваме, дали е точно дека Љубица Илиева-Ѓорѓиева, снаа за син на Милева Ѓорѓиева, е вработена во Општина Радовиш на неопределено време? Дали е точно дека исто така Петре Партиков, брат на Милева Ѓорѓиева, е вработен како педагог во ОУ ‘Атанас Нивичански’ со несоодветно образование? Патем, дали е точно исто така дека синот на Милева Ѓорѓиева, освен што добил вработување во МВР како инспектор, е поставен и за управител на РК ‘Радовиш’, формиран од Општината, преку кој располага и со 5 милиони денари народни пари доделени од општинскиот буџет на Општина Радовиш“, праша Арсовски.
Тој заклучи дека СДСМ врши бесрамна партизација на државната администрација со вработување на најблиските роднини на функционерите.
„Граѓаните го гледаат замавот на епидемијата на непотизам на оваа неспособна власт и единствениот лек таа да заврши е да бидат казнети на избори. Тоа што бегаат од соочување на избори, само говори дека сакаат да си купат уште време за да добијат уште некое вработување, гранд или тендер“, додаде Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Магла на Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Намалена видливост поради магла до 50 метри има на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево, соопшти АМСМ.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Утре облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во јужните делови
Времето утре облачно, насекаде со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови (локално над 40 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени.
Во Скопје, ќе биде облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Во сабота ќе има локални врнежи од дожд, особено во јужните делови, кои попладне ќе престануваат. Од недела ќе настапи стабилизирање на времето со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.
Македонија
Фатена во криминал до гуша, власта на Мицкоски посегнува по политички прогон, џабе ви е, сите ќе одговарате, порачуваат од СДСМ
Новите бомби ја стресоа Власта на Христијан Мицкоски. Фатена во криминал до гуша за испумпување на парите на граѓаните власта посегнува по политички прогон, велат од СДСМ.
„Како што се зголемува бројот на скандали за криминалот на власта така се зголемува нервозата, а со тоа и монтираните процеси, како последниот случај со електричните автобуси во Струмица.
Истата криминална матрица на Никола Груевски ги спроведува истите методи. Тоа е истата стара банда која повторно ќе биде поразена.
Џабе ви се заканите, џабе ви се монтираните процеси, се ви е џабе.
Не ви се плашиме.
Допрва ќе се чешате, допрва ќе ви станува непријатно, допрва ќе ве болат главите“.
Од СДСМ најавуваат дека новите бомби се спремни. Велат дека имаат докази за криминалот на ВМРО-ДПМНЕ и дека се ќе објават.
„А на крај ќе одговарате.
Работата се уште не е завршена“.

