Македонија
(Видео) Арсовски: СДСМ молчи за испумпување на 21 милион евра од државата преку струмичка агенција за обезбедување
„СДСМ молчи за најголемиот грабеж со испумпување пари од државата преку струмичка агенција за обезбедување. 21 милион евра се извадени од буџетот за две години, при што плаќани се услуги за обезбедување и двојно поскапо од претходни години кога истите институции користеле вакви услуги. Според доказите кои ги презентиравме и документите објавени на страница на Бирото за јавни набавки, постои огромен сомнеж дека така испумпаните пари од универзалниот снабдувач на струја и неколку државни компании завршиле кај семејството Заеви и СДСМ“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, Заев целиот начин на работа од Струмица го префрли на ниво на цела Македонија.
„Дали шемата ‘едно евро за Вицето, едно евро за црквата’ стана државна пракса, па сега милионите завршуваат во нивните џебови?! Заради желбата за пари на едно семејство од Струмица, цела Македонија плаќа поскапа струја. До кога граѓаните ќе треба да плаќаат за луксузот на семејството Заеви?! Кога во цел регион, но и во остатокот од Европа цената на струјата се намалува, кај нас во Македонија истата се зголемува, за да се задоволат бизнис-апетитите и апетитите на семејството Заеви.
Бараме веднаш и без одлагање да биде укинато покачувањето на цената на електричната енергија. Македонија не е должна да плаќа за туѓи бизнис-интереси. Воедно, бараме од ЈО, Антикорупциската комисија, регулаторните тела и сите останати да отворат случаеви за овие сомнежи за испумпување на државни пари, во спротивно и тие ќе бидат соучесници“, додаде тој.
На прашањето во однос на барањата на СДСМ за оставка на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Арсовски рече: „Би одговорил кратко бидејќи ова прашање веќе е одговорено и претходно од страна на партијата, од страна на претседателот Мицкоски итн. Сега би било кукавички чин во овие околности оставка, кога Зоран Заев и СДСМ буквално ја тероризираат и ја крадат цела држава. Така што сметам дека ова е завршена тема на којашто не би имале што повеќе да додадеме, подобро да се фокусираме на криминалот што го прави СДСМ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од булеварот Партизански Одреди бр. 95, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (локално над 25 l/m2) и со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност од денеска до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во текот на денешниот ден и во четврток (над 25 l/m2 за 24 часа). Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, во четврток на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а дневните температури ќе опаднат за 4-6 степени во споредба со утрешните.
Стабилизирање на времето се очекува од недела.
Македонија
Муцунски во Белград: Регионалното поврзување е клучно за забрзување на европската интеграција
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вечерва во Белград учествуваше на работна средба со министрите за надворешни работи на земјите-членки на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ).
Фокусот на разговорите беше ставен на проширувањето на Европската унија, актуелните геополитички околности и предизвиците што произлегуваат од нив, како и на регионалната безбедност и неопходноста од засилено регионално поврзување и соработка.
Министрите уште еднаш ја потврдија важноста на ЦЕИ како стабилна платформа за продлабочување на соработката во сите области од заемен интерес, унапредување на партнерствата и ефективно справување со регионалните предизвици.
Во своето обраќање министерот Муцунски ја нагласи улогата на регионалното поврзување и регионалните иницијативи како клучни алатки за забрзување на европската интеграција – најзначајниот процес за поддршка на мирот, безбедноста и економскиот развој на континентот. Тој ја потврди целосната посветеност на Република Северна Македонија на европскиот пат, нагласувајќи дека тоа е геостратешка неопходност за стабилен, сигурен и просперитетен регион.

