Македонија
(Видео) Арсовски: Секој ден имаме молби од граѓани за да кажеме какви проблеми имаат во болниците
Здравството, сите клиники и болници во државава се во катастрофална состојба, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„Црниот биланс е 1.212 починати до вчера, односно 606 починати на еден милион жители, што нè вбројува во земјите со највисока смртност“, истакна тој додавајќи дека вина за ова може единствено да му се препише на министерот Венко Филипче, кој, како што рече, не овозможува услови и не менаџира добро со справувањето со епидемијата.
„Секојдневно имаме десетици очајни жалби и молби од граѓани јавно да кажуваме за третманот кон нив од страна на надлежните и директорите на болниците, каде што не ги примаат на лекување пациентите со тешка клиничка слика бидејќи нема простор повеќе. А просторот не може да го обезбедат граѓаните, туку просторот и условите треба да ги обезбеди министерот Филипче. Но, нему баш му е гајле, поважни му се политиката и политичките престрелки“, рече партискиот портпарол.
Во неговото денешно обраќање тој презентира и слики за тоа во каква состојба се наоѓа Клиничкиот центар во Скопје.
„За другите градови и не морам да говорам, таму сами директорите поставени од Филипче молат за помош преку социјалните мрежи и бараат јавни донации за болнички возила и други услови“, рече Арсовски.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

