Македонија
(Видео) Богоевски повика на поддршка на Преспанскиот договор и на референдумско изјаснување
Ве повикувам заедно, храбро и посветено да учествуваме во обезбедувањето на иднината на нашата држава.Со постигнатиот македонско-грчки договор, за првпат во историјата на Република Македонија се нуди најфер и најдобра шанса, историски гледано, за обезбедувањето на иднината на сите граѓани на Република Македонија. За првпат имаме шанса навистина сами да одлучуваме за сопствената иднината, изјави Павле Богоевски, пратеник од парламентарното мнозинство предводено од СДСМ и коалицијата.
Според него, со прифаќање на Преспанскиот договор ние ги прифаќаме и неговите придобивки. Со овој договор македонскиот идентитет е зајакнат и заштитен засекогаш.Јазикот е обезбеден и признаен во својата изворна форма без никакви фусноти, придавки или додавки.
,,Нашето државјанство е македонско, сега и во иднина, а државните симболи, како што се химната, знамето и грбот, нема да се менуваат.Со признавањето на овој договор за првпат се отвораат вратите за членство на Република Македонија во ЕУ и НАТО, онаму каде што вредносно и цивилизациски припаѓа. Поддршка на овој договор и референдумското изјаснување за иднината на Република Македонија е највисок патриотски чин. Затоа на 30 септември храбро, масовно и достоинствено да кажеме ДА за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Преспанскиот договор.Да кажеме ДА за македонската иднина”, рече Богоевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

