Македонија
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ бара за спорот со Бугарија да се разговара во Собранието
Бараме за спорот со Бугарија да се разговара во Собранието, мора да се знае за што преговара Владата, истакна Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што рече, надвор од парламентаризмот е поканети министри да избегнуваат да дојдат на прашања коишто се битни од национална гледна точна, но и од точка на евроинтеграциите.
„Цениме дека е крајно неодговорно отсуството на вицепремиерот Димитров и министерот за надворешни, Бујар Османи, на денешната Комисија за надворешна политика“, рече Милошоски и додаде дека со тоа, пратениците на владејачкото мнозинство оневозможуваат Комисијата за надворешна политика да биде ефикасна институција како работно тело од Собранието.
Тој нагласи дека она што требало да биде расправано на Комисијата за надворешна политика, ВМРО-ДПМНЕ ќе го предложи како точка на дневен ред на пленарната седница. Насловот на точката ќе биде информација за македонско-бугарските односи во контекст на објаснувачкиот меморандум од официјална Софија и ризикот на блокада за преговорите со Европската Унија.
Оваа точка освен материјал што е приклучен ќе содржи два предлог-заклучоци. Првиот заклучок – Собранието ги осудува позициите содржани во објаснувачкиот меморандум на Република Бугарија испратен до членките на ЕУ во контекст на проширувањето на македонските евроинтеграции како спротивни на повелбата на Обединетите нации во која една од целите е развивање пријателски односи меѓу нациите засновани врз принципот на почитување и еднакви права и самоопределба на народите, право кое неделиво му припаѓа и на македонскиот народ. И вториот предлог-заклучок – Собранието упатува апел до сите земји членки на ЕУ до европската комисија и до европскиот парламент да донесат безусловна одлука за почеток на преговорите со одржување на првата меѓу владина македонско-европска конференција.
„Се надеваме дека пратениците од парламентарното мнозинство ќе ја согледаат важноста на ова информација коректноста и издржаноста на предложените заклучоци и дека истите ќе бидат подржани со пошироко натпартиско мнозинство, како што впрочем за многу по контроверзни теми се забележа надпартиското мнозинство во парламентот на соседна Бугарија“, додаде Милошоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

