Македонија
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ в понеделник ќе го поднесе предлог-законот за амнестија за сите обвинети за 27 април
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, одговарајќи на новинарски прашања во однос на амнестијата за лицата од случувањата од 27 април минатата година, изјави дека ВМРО-ДПМНЕ веќе в понеделник ќе поднесе Закон за амнестија за лицата.
„Мислам дека веќе в понеделник медиумите ќе го имаат Законот за амнестија за лицата од 27 април што е составен од страна на врвни правници“, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Арсовски.
Предлог-законот за амнестија за сите инволвирани во случувањата за 27 април и власта ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе го поднесе пред два дена. Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на тогашната прес-конференција посочи дека доколку е за вистинско помирување и правда за сите, власта ќе го прифати предлогот.
Арсовски меѓудругото денеска одговори и на прашањето дали партијата ќе се вклучи во процесот на поднесување уставни измени и амандмани. Во однос на оваа тема, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска во текот на денот ќе има координација со раководството на ВМРО-ДПМНЕ во однос на усогласување на стратегија за дејствување во наредниот период.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

