Македонија
(Видео) „Возел пијан, без возачка, направил сообраќајна незгода – оставка од пратеникот Сергеј Попов“, бараат од СДММ

„Додека младите во Македонија протестираат, бараат правда и безбедност на улиците, се објави голем скандал кој го покажа вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ. Сергеј Попов, актуелен пратеник и претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, во 2014 година возел пијан, без возачка дозвола и предизвикал сообраќајка во која повредил жена!“, вели Трајче Стојчевски – претседател на Социјалдемократската младина на Македонија.
„Поради ова е осуден за тешко кривично дело – возење без дозвола, под дејство на алкохол и предизвикување тешка сообраќајна несреќа. Вакво неморално однесување е во суштина идентично како однесувањето на сторителот на сообраќајката на младата Фросина.
Сто тоа што убиецот на Фросина е во затвор, а Сергеј Попов е пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. Ете какво е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ, сосема спротивно на се што младите сакаат и за што се борат и залагаат.
После ова ниту Попов ниту ДПМНЕ немаат право јавно да ги повикуваат младите, ниту на протести ниту да ветуваат промени. Не може осуден за несовесно возење без положен возачки испит, за возење под дејство на алкохол и за предизвикување сообраќајна несреќа, да зборува за правда и системски реформи.
Заради таквите како него младите се незадоволни и се на улиците.
Сергеј Попов е дел од системот што убива и мора да понесе одговорност, да си даде неотповиклива оставка од функцијата пратеник и оставка од функцијата претседател на вмровската УМС.
Младите заслужуваат одговорни и чесни претставници без скандали и кривични пријави зад себе“, изјави Трајче Стојчевски – претседател на Социјалдемократската младина на Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пожар во околината на Битола

Од Центарот за управување со кризи инфморираат дека во Битола гори големо стрниште а екипите на ТППЕ Битола се на лице место.
Огнот од стрништето се пренел и на трската и останатата вегетација покрај реката Црна поради што е видлив од далеку, соопшти Стојанче Ангелов.
Како што појасни гаснењето е отежнато поради калливиот терен покрај реката Црна.
„Нема опасност по населени места. ТППЕ Битола се обидува да го изгасне“, вели Ангелов.
Македонија
Телефонски броеви и информации за семејствата на пациентите кои се лекуваат во странство, објави Муцунски

Преку социјалните мрежи министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски објави како што пишува, важни информации за семејствата на пациентите кои се лекуваат во странство.
„Сите семејства на пациентите кои имаат потреба од превоз, сместување или дополнителна поддршка можат да се обратат на 070-270-370. Трошоците за оваа намена се целосно покриени од Владата.
Нашите дипломатско-конзуларни претставништва се на располагање за секоја неопходна помош, а за итни прашања достапни се и дежурните телефонски броеви: 075/273-732 и 075/268-736“, информира Муцунски.
Македонија
Сашо Стошевски назначен за нов директор на општата болница Куманово

Сашо Стошевски, досегашниот директор на подрачната единица на Фондот за здравствено осигурување е назначен за нов директор на општа болница Куманово.
На функцијата директор на кумановската болница доаѓа откако вчера министерот за здравство Арбен Таравари го разреши Стефан Трајановски.
Стошевски е вработен во Фондот за здравствено осигурување во Куманово, каде лани беше назначен и за директор.