Македонија
(Видео) Во последен миг спасено селото Дупјани, огнот се приближил до куќите
Селото Дупјани е спасено, откако огнот се приближил на само 50 до 100 метри од првите куќи, а во селото и околу него немало никого.
Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, извести дека одлучиле наместо кон Галичица полицискиот хеликоптер Ми 171 во кој се наоѓал и тој, да го промени приоритетот поради загрозеност на населено место, и да слета неколку километри подалеку, покрај езерото Осломеј.
„Го закачи ведрото, полета, се спушти над езерото, наполни вода во 2,5 тонското ведро, во низок лет за неколку минути стигна над пламените јазици над селото и со прецизен погодок го стопира најблискиот крак од пожарот кој се закануваше на првите куќи“, рече Ангелов.
Хеликоптерот потоа продолжи на Галичица, каде во моментов дејствува врз пожарот. (Видео на линкот).
„Храбрите и пожртвувани полициски пилоти Стефче Ташовски и Дарко Ајтовски со подршка на останатиот храбар и пожртвуван воздухопловен екипаж продолжуваат со дејство врз овој, за граѓаните вознемирувачки, пожар од кој повремено се слушаат истрели или детонации на неексплодирани минско експлозивни средства останати од војните кои се одвивале на овој простор“, додаде Ангелов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
20-годишникот приведен синоќа се обидел да го запали албанското знаме, соопшти Обвинителството
Скопското обвинителство поведе постапка против 20-годишникот за кого МВР извести дека бил приведен синоќа, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа.
„Осомничениот на 02.12.2024 година, во вечерните часови,се обидел да запали албанско национално знаме, при што бил забележан и спречен од полициски службеници кои го привеле“, информираа од Обвинителството.
Се додава дека надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.
Настанот се случува неколку дена откако на прослава по повод Денот на албанското знаме, се палеа и газеа македонски знамиња, што предизвика бурни реакции во јавноста.
Македонија
МВР: Приведен е 20-годишен скопјанец кој се обидел да запали знаме
Синоќа во 23.10 часот на подрачјето на Центар, полицијата го приведе К.К.(20) од Скопје.
„Тој бил затекнат при обид со запалка да запали знаме. Знамето и запалката биле одземени, а тој бил задржан во полициска станица“, информираа од МВР во дневниот полициски билтен.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од полицијата.
Обвинителството по објавувањето на информацијата од МВР соопшти дека младиот човек се обидел да го запали албанското знаме.
Настанот се случува неколку дена откако на прослава по повод Денот на албанското знаме, се палеа и газеа македонски знамиња, што предизвика бурни реакции во јавноста.
(Обновено)
Македонија
„Влен“: Групи блиски до ДУИ и Артан Груби ги организираа инцидентите на Денот на албанското знаме
Коалицијата „Влен“ ја отфрла интерпелацијата на Блерим Беџети, Муса Џафери, Садула Дураку, Артан Груби и пратениците на ДУИ и Европскиот фронт како неодговорен однос кон граѓаните и нивната иднина.
Според „Влен“, ова е класичен предвидлив чекор на ДУИ кој следува после оркестрираното и организирано нарушување на мирното славање на 28 ноември од страна групи блиски до ДУИ и Артан Груби.
„Креираа проблеми и сега вината ја префрлуваат на друг. ДУИ ги организираше проблемите и инцидентите. Креираат проблем, ги изложуваат граѓаните на ризик, ги оставаат на немилост, бегаат од нив и на крај се обидуваат да користат политички поени. Блерим Беџети, мирниот и послушен министер на Груевски кој беше Министер за правда кога се случи случајот Монструм и ништо не превземе да се расчисти, туку ги остави луѓето да страдаат. Министерот кој доделуваше тендери на своите кабинетски вработени и заедно со Сашо Мијалков беше главен кадровик во правосудството, беше фатен со оружје и наркотични средства во дискотека, бизнис партнерот на Данела Арсовска, најмалку има право да поднесува интерпелација против вицепремиерот Изет Меџити и против заменик министерот Астрит Исени“, велат од „Влен“.
Додаваат дека интерпелацијата треба да ја поднесе ДУИ против лицата блиски до Артан Груби кои ги организирале инцидентите и ја нарушиле свечената и убава прослава на денот на албанското знаме.
„Не можете да се нарекувате Европски фронт, а да се обидувате да ја дестабилизирате државата и со тоа да ја одалечувате од европската перспектива, само затоа што се плашите од последиците на својот криминал. Оваа интерпелација е политички маневар без основа“, велат од „Влен“.
Коалицијата понатаму наведува дека граѓаните заслужуваат одговорна политика, а не враќање кон минатиот хаос.