Македонија
(Видео) „Годинава бонус плата во МВР од 36.000 денари“, рече Бојмацалиев од Пробиштип

Денеска, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев беше во работна посета на подрачјето на СВР Куманово и СВР Штип каде што оствари работни средби со раководствата на Полициското одделение Старо Нагоричане, Одделенијата за внатрешни работи во Кратово и Пробиштип, во рамки на серијата посети со цел увид во постигнатите резултати и секојдневните работни активности, но и во евентуалните проблеми во рамки на работниот процес.
„Заклучокот од сите состаноци беше дека безбедносната состојба е поволна и стабилна. Штабовите за претседателските и парламентарните избори функционираат, прибираат информации, со цел фер, слободни и деморкатски избори, како што беа од 2017 година навака, а така ќе бид еи овие избори ќе го дадеме максимумот од МВР.
Во делот на реконструирани објекти на територијата на СВР Куманово, 100% сите полициски објекти во овој реон се реконструирани а меѓу нив се и: полициската станица Кратово со 3.800.000 денари, полициското одделение Старо Нагоричане со 3.460.000 денари и Полициското одделение Ранковце со 1.400.000 денари, средства издвоени од буџетот на МВР, а при изведбата беа имплементирани и мерки за поголема енергетска ефикасност на објектот, а со тоа и поголеми заштеди како и заштита на животната средина”, истакна Бојмацалиев во изјава за медиумите. Притоа, тој потсети дека и на територија на СВР Штип во период од шест години се реконструирани осум објекти.
„Во делот на реконструирани објекти на територијата на СВР Штип изминативе шест години беа реконструирани осум објекти меѓу кои и објектот каде што бевме денеска во посета ОВР Пробиштип (четири милиони денари) ,ОВР Свети Николе, ПС за БПС Штип, ПК Македонска Каменица, ОВР Кочани, ОВР Виница, ОВР Берово и ОВР Делчево за што од буџетот на МВР беа издвоени вкупно над 90 милиони денари. Само еден објект на подрачје на СВР Штип не е реконструиран, за што се обврзуваме во наредниот период да го реконструираме, со што и тука ќе дојдеме до 100% опфатеност на подобрување на условите за работа”, рече Бојмацалиев, со уверување дека подобрените работни услови на колегите од СВР Куманово и СВР Штип, по цели 50-60 години, ќе бидат мотив и понатаму да продолжат со несмален интензитет во полициското работење, а со цел одржување на поволна безбедносна состојба и гарантирање на фер и демократски Изборен процес што ни претстои наредниов период.
Воедно, Бојмацалиев кажа дека колегите ги информирал дека бонус платата од 36.000 денари за 2023 година ќе биде исплатена на вработените во МВР кои ги исполнуваат условите по завршување на техничката Влада, согласно позитивните законски прописи. Тој додаде дека до 2017 година не беа исплаќани бонус платите, од 2017 година до денеска сите бонус плати се исплаќаат редовно, така ќе продолжи и во наредниот период.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ветрот го сменил правецот од Дрисла, Скопје вечерва мириса на изгорено

Вечерва ветрот го смени правецот и дува од депонијата Дрисла во насока на Скопје поради што во делови од главниот град се чувствува силен непријатен мирис, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Соопшти дека и вечерва продолжуваат активностите за затрупување на депонијата Дрисла, а ќе бидат дополнително засилени рано наутро.
За утре се планирани и повеќе дополнителни активности на дивата депонија Вардариште, најави Ангелов.
Преходно денес беше соопштено дека пожарот на депонијата „Дрисла“ се гасне со затрупување на најкритичните делови.
Премиерот Христијан Мицкоски рече дека е потпален, а како причина за тоа ги наведе физичките процеси на распаѓање на отпадот, кога се ослободува метан – штетен гас кој е лесно запалив, поради што Мицкоски вели дека е доволен само еден отпушок за да се предизвика пожар.
Граѓаните од главниот град вечерва се жалат на миризбата надвор која им предизвикува отежнато дишење. Ситуацијата, според мерните станици, особено е алармантна вечерва во Аеродром и во Ново Лисиче.
Македонија
Фетаи ќе раководи и со новоформираниот совет за конфискација на имот

Владата вчера ја усвои Одлуката за формирање на Национален совет за финансиски истраги и конфискација на имот, со што се предвидува дополнителна алка на врвот на координациската структура, покрај Националната комисија за финансиски истраги и конфискација на имот како највисоко експертско тело.
Со Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот ќе раководи вицепремиерот за политики за добро владеење, Арбен Фетаи, а членови ќе бидат: министерот за внатрешни работи, министерот за правда, министерот за финансии, јавниот обвинител, претседателот на Врховниот суд, раководителот на Канцеларијата за поврат на имот, директорот на Бирото за јавна безбедност, директорот на Царината, директорот на Управата за финансиска полиција, директорот на Агенцијата за управување со одземен и конфискуван имот и претседателот на Националната комисија за финансиски истраги и конфискација на имот.
„Кабинетот на вицепремиерот Фетаи ќе продолжи да обезбедува политичка, административна и техничка поддршка за работата на Националната комисија за финансиски истраги и конфискација на имот. Процесите и стратешките одлуки кои континуирано се реализираат се доказ за посветеноста на Владата во градењето институционални капацитети и обезбедување услови за спроведување финансиски истраги, конфискација и поврат на имот, како и управување со конфискуваниот имот“, велат од Кабинетот на Фетаи.
Како што се додава, државата се гради секој ден, а граѓаните мора да бидат сведоци на конфискација на нелегално стекнатата имотна корист и да имаат можност истата да ја користат преку нејзина социјална пренамена.
Македонија
Меџити: Инвестиција од над 6 милиони денари во населбата Гази Баба за одржливо водоснабдување

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска изврши увид во работите кои се одвиваат на улицата „Бајрам Шабани“ во населбата Гази Баба во Општина Чаир.
Проектот, поддржан од Министерството за животна средина, има за цел подобрување на снабдувањето со вода за пиење за жителите од оваа област. Оваа инвестиција, во вредност од над 6 милиони денари, опфаќа изградба на нов цевковод со профил DN 280 мм и должина од 235 метри, со што ќе се замени постојната дотраена мрежа.
„Со оваа интервенција се елиминираат честите прекини и недоволното снабдување, обезбедувајќи стабилна вода за пиење со подобрен притисок долж целата улица,“ изјави Меџити при средбата со жителите на населбата.
Проектот се реализира од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка со Општина Чаир, со цел да се гарантира постојан и квалитетен пристап до вода за пиење за жителите на оваа зона.