Македонија
(Видео) Димитриеска-Кочоска: На повидок е втор ТАТ, отпуштања од работа и стечај за многу фирми
Директните и индиректните последици од вториот ТАТ, односно пропаѓањето на Еуростандард банка, значат дваесетина милиони евра, кои ќе останат необесштетени, нов бран отпуштања од работа и стечај на фирми и клиенти поврзани со банката, рече на денешната прес-конференција Гордана Димитриеска-Кочоска, претседател на Комисијата за материјално-финансиско работење на ВМРО-ДПМНЕ.
„Според одредени информации, непокриени, односно пари што нема да бидат обесштетени остануваат дваесетина милиони евра“, рече претставничката на ВМРО-ДПМНЕ и напомена дека под директен ризик со пропаста на банката се 55 илјади граѓани, кои од таму примаат пензии и социјална помош.
Димитриеска-Кочоска предвиде огромна штета и за „Македонска пошта“, која, како што рече, работи преку системот и услугите на Еуростандард банка.
„Следува нов бран отпуштања, 170 вработени од Еуростандард банка остануваат без работа, под ризик се и неколку стотина вработени во ‘Македонска пошта’, што работеа на платниот промет.
Второ, освен Еуростандард банка сега и „Македонска пошта“ ќе се соочи со ликвидносни проблеми затоа што ќе немаат редовни приливи.
Трето, под ризик за стечај се и најголемите клиенти на Еуростандард банка, чии депозити сега се замрзнати, а прашање е и дали ќе бидат наплатени.
Четврто, со пропаѓањето на Еуростандард банката ќе се продава и недвижниот имот стекнат од аферата „Фиком“, каде што се оштетени десетици други семјества чии пари се проневерени во аферата“, рече претставичката на ВМРО-ДПМЕ и јавно запраша дали во целиот случај е вмешана и политика, односно дали некој од Владата знаел за ситуацијата какви мерки презел во однос на тоа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Карпош и Кисела Вода денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Нобелова крстосница со ул. Хелсинки, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Нобелова, Виенска, дел од ул. Хелсинки и дел од ул. Лондонска. (Општина Карпош)
· поради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Жил Верн бр. 10, од 10:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Жил Верн и ул. Есенинова. (Општина Кисела Вода)
Македонија
Делови од неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од с. Ќојлија. (Општина Петровец)
· од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од селата: Драчевица и Цветово. (Општина Студеничани)
· од 08:55 до 09:55 часот, корисниците од селата: Горно Соње, Долно Соње , Чифлик и Света Петка. (Општина Сопиште)
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Веле Марков. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од улиците: Димо Хаџидимов и Христо Татарчев. (Општина Кисела Вода)
Македонија
Претпладне сончево со умерена облачност, попладне зголемување на облачноста
Претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, претпладне сончево, попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурата.

