Македонија
(Видео) Жугиќ: Шилегов веќе подготвил 11.000 евра за парк, а лаже дека Универзална нема да се руши
На интернет-страницата на Бирото за јавни набавки се гледа дека Градот распишал повик за идејно решение за уредување на просторот каде што сега е Универалната сала, со парк и летна сцена, обвини во изјава Јелена Жугиќ, советник во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ.
„За оваа намена, Шилегов планира да даде 6.000 евра за најдоброто решение, 3.000 евра за второрангираното и 2.000 евра за треторангираното, со што вкупно ќе се потрошат 11.000 евра од градската каса“, истакна Жугиќ.
Таа воедно запраша зошто доколку сè уште не е одлучено дали ќе се руши салата, Градот однапред планира да потроши 11.000 евра.
„Кога сме кај парите поврзани за Универзалната сала, Шилегов треба да одговори и каде се 30 милиони денари, кои во 2019 Град Скопје ги добил од Владата за реконструкција на салата. Дали и на што се потрошени тие наменски префрлени пари“, запраша претставничката на ВМРО-ДПМНЕ, која порача дека Шилегов не смее повеќе да ги манипулира граѓаните и треба веднаш да се откаже од идејата за рушење и да почне со реконструкција.
Жуѓиќ исто така предоложи да се искористи проектот за реконструкција на салата оставен од ВМРО-ДПМНЕ, со кој вели дека ќе се постигнат три цели:
– ќе се поддржи мислењето на граѓаните за реконструкција, а не за рушење;
– ќе се заштедат средства за нови конкурси и идејни решенија;
– ќе се сочува споменот на хуманост и солидарност на постземјотресно Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

