Македонија
(Видео) Заев ги брифираше амбасадорите на ЕУ земјите: „Имаме план за отворање на 80% поглавја до 2024“

Премиерот Зоран Заев со владина делегација денеска одржа утринска брифинг-средба со амбасадорите на земјите членки на ЕУ во нашата држава.
На брифингот премиерот Заев во име на Владата ги презентирал стратешките приоритети во следниот четиригодишен мандат со посебен осврт на евро-атланските интеграции на земјата.
„Овој мандат ќе биде посветен кон темелни реформи на целото општество. Свесни сме за предизвиците кои корона-кризата ги носи, но сепак ќе останеме целосно фокусирани на реформите во правосудството, градење нова трансформирана економија, заштита на животната средина и подобрување на животниот стандард на сите категории граѓани во нашата земја“, изјавил Заев.
„Имаме план за отворање на 80% поглавја до 2024, да доизградиме силна преговарачка структура со учество на сите чинители, креирање на буџетски програми за преговори со ЕУ. Ја зајакнуваме кадровска екипираност и ќе продолжиме да обезбедуваме поддршка за капацитети за имплементација на ИПА 3“, додадл премиерот.
Тој на состанокот бил придружуван од Љупчо Николовски – вицепремиер за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурси, Бујар Османи – министер за надворешни работи, Бојан Маричиќ – министер за правда и државните секретари Калина Габер од Секретаријатот за европски прашања и Зоран Попов од Министерството за надворешни работи.
Евроамбасадорот Самуел Жбогар во име на Европската Унија ги пренел очекувањата за брзи и квалитетни реформи, но и посочил дека европските партнери на Северна Македонија остануваат доследно посветени на помош за земјата во пребродување на последиците кои настанаа од корона-кризата и реформските зафати на новата Влада.
Амбасадорите пренеле и честитки од нивните влади, како и очекувања за понатамошна интензивна соработка како на билатерално, така и на мултилатерално ниво.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сиљановска-Давкова го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“.
На средбата, таа уште еднаш ја потврди својата определба за формирање на Совет за дијаспора, како политички исчекор во соработката меѓу државата и дијаспората. Во Советот, претседателката гледа институционален одговор на потребата од засилена и продлабочена комуникација со нашите иселеници во сите области.
Дурловски истакна дека примарна цел на Организацијата останува да биде промоцијата и заштитата на правата на Македонците во Канада, како и нивната интеграција во канадското демократско општество. За него, македонските корени се силна мотивација за поддршка на македонските национални интереси.
Соговорниците се согласија дека бројната македонска дијаспора може да биде фактор на зајакнување на канадско-македонските политички, економски, културни и други односи.
Македонија
Од утре авионско и терестрично прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре ќе започне авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, а на 16 септември терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци и ларви од комарци, односно:
1. Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 12.09.2025 (петок) и на 13.09.2025 (сабота), во раните утрински часови.
2. Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци и ларви од комарци ќе се одвива од 16.09.2025 (вторник) до 19.06.2025 (петок), во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, додаваат од Градот Скопје.
Исто така се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на Табановце за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, додаваат од АМСМ.