Контакт

Македонија

(Видео) Заев од Куманово: „Можеме“ е македонски модел за раст на платите

Објавено пред

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев вечерва се обрати на граѓански собир во Куманово, заедно со носителите на пратеничката листа во Изборна Единица 2, техничкиот премиер Оливер Спасовски и Сања Лукаревска.

„Денес, се обврзуваме на нови цели, пред граѓаните и пред себеси, бидејќи знаеме и умееме. Денес имаме решенија за сите граѓани, решенија за иднината Нашата програма е, домаќински и одговорен пристап, препознаен, автентичен, македонски модел за напредок“, рече Заев.

Пред присутните, Заев ги претстави столбовите на Програмата на СДСМ и Коалицијата „Можеме“.

„Ова е нашата визија, нашиот јасен план за Северна Македонија во 2024 година. Нашата програма се базира на 6 сеопфатни столба: Стабилна држава со нова, развојна македонска економија, Држава со европски здравствен систем посветен на потребите на граѓаните, Држава која се грижи за сите, Држава која е правна и праведна, Тоа е зелена, еколошка држава, тоа Европска држава, членка на НАТО. СДСМ е посветена на развој на домашната македонска економија, на инвестиции во инфраструктурата, на продолжување на интегративниот процес во ЕУ, на грижа за ранливите категории, на обезбедување здрава животна средина, заштита на здравјето на граѓаните и загарантирана правда за сите. Ова се столбовите на кои е изградена нашата Програма. Чесна, одговорна и достојна понуда за граѓаните“, порача Заев.

Тој истакна дека со одговорни политики, со стабилна и развојна економија, до крајот на новиот мандат, до 2024 година, минималната плата и просечната плата ќе продолжат да растат, ќе растат странските инвестиции, а невработеноста ќе се намалува.

„Ако за 2.5 години успеавме минималната плата да ја зголемиме за 5.500 денари, од 9.000 на 14.500 сигурни сме дека можеме во полн мандат од 4 години, да ја зголемиме за дополнителни 5.500 и дека минималната плата ќе изнесува 20.000 денари. Можеме да ја зголемиме и просечната плата на 34.000 денари“, заклучи Заев.

Македонија

(Видео) Мицкоски од Крушево: Заев и СДСМ се „доктори по наука” за криминал и корупција

Објавено пред

Од Крушево претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски порача дека на 15 јули народот овие политичките измамници од СДСМ ќе ги испрати на темната страна од македонската историја. Овие избори се историски, бидејќи како што кажа тој треба да се трасира иднината на македонското поколение, но и да се обели образот на нашите претци кои што со живот го платиле она што ние денеска го живееме.

„А крушевчани имаат најмногу право на ова, бидејќи овде се случувало она организирано востание и пркос за независна македонска суверена држава уште на почетокот на 20-тиот век. Она што овие избори ги прави поразлични е тоа што ние треба да завршиме со експериментите.Народот го разбудил пирејот во себе и решил да го победи овој противник на 15 јули“, рече Мицкоски.

„Еве од овде од Крушево кажувам јас сум Христијан Мицкоски Зоране Заев, кој ќе те победи и тука ќе заврши твојата политичка кариера. А после тоа еве ти кажувам се обврзувам дека ќе го почитувам твоето право на презумпција на невиност и ќе имаш можност пред судовите да ја докажуваш истата. Но, не знам дали ќе успееш во тоа. Гледавме како Заев е добар во економијата, едно евро за Вицето, па гледавме како негов адвокат брат на судијка која што го замрзна имотот на ВМРО-ДПМНЕ и на тој начин му овозможи привилегирана позиција на СДСМ. Па гледавме како еден функционер ладно си зема купче со пари и си го става во чантата. И отприлика таа економија по мерка на Заев и СДСМ се сведува само на ова. Многу криминал, корупција и пљачка. Секогаш кога СДСМ е на власт се случуваат овие три работи, но оваа влада е надградена и проширена, јас кажувам дека доктор по науки станала. Прво што прават е национално предавство. Втората работа е криминал и корупција. И третата работа е тоа што го заробуваат судството и обвинителството да се исперат за некои злодела од минатото и да исконструираат некои дела за политичкиот противник“, кажа од говорницата Мицкоски.

„На 15 јули ќе се најдеме на историска раскрсница. Дали да прифатиме истрошени потрошени политичари како што е госпоѓата Шекеринска која што ја гледаме, како рече Мицкоски уште од раните 90-ти од транзицијата кога се пљачкаше Македонија и нашите родители беа бркани од фабриките и пола од народот останаа на улиците. Или ќе одбереме маестро, патриот, човек кој реди успеси и надвор од Македонија и со аплаузи на странските сцени успешно ја промовира македонската култура, родољубот Игор Дурловски“, рече тој.

На крајот Мицкоски ги повика жителите на Крушево да го заокружат бројот 14, за обнова на Македонија. Тој кажа дека е убеден дека народот во Македонија е одлучен да оствари историска победа и ќе победи на 15 јули.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Заев од Чаир: Ќе го поразиме лажниот патриотизам на ВМРО-ДПМНЕ, ќе го поразиме и ДУИ

Објавено пред

„Покажавме дека имаме храброст за сé што беше важно за државата и денес им докажуваме на сите политичари дома и во регионот, дека народот ги наградува храбрите политики и политичари и затоа ќе победиме и се додека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ продолжуваат со лажен национализам, ќе продолжат да губат“, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев на трибина со граѓаните на општина Чаир.

„Со Законот за употреба на јазици го заокруживме формално-правниот дел од Охридскиот рамковен договор, остана духот на договорот да го вградиме за сите, рамноправно, еднакво и со правата и со обврските пред државата.

Денес, ДУИ и Ахмети лажат дека тие го донеле, можеа да го донесат додека беа со ВМРО-ДПМНЕ но немаа храброст. Денес со тој Закон не изгубија ништо ни Македонците, ни Србите ни Власите, никој, само ослободивме едно право кое беше заробено“, порача Заев пред граѓаните на Чаир.

Прикажи повеќе...

Македонија

Спасовски: Домашна платежна картичка и за пензионерите, стечајците, самохраните родители и невработените

Објавено пред

„Најавувам нова 4-та одлука на Владата, за секој пензионер со пензија до 15.000 денари домашна платежна картичка од 9.000 денари, за секој стечаен работник, 12.000 во државата, домашна платежна картичка за купување домашни производи. За секој невработен и не е активен барател на работа – домашна платежна картичка и за секој самохран родител – домашна платежна картичка“, изјави носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски, на вечерашната граѓанска трибина во Чаир.

„Продолжуваме со конкретни проекти, не со лаги и манипулации што ги нудат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Се што говорат, ве повикувам да не ги сфаќате сериозно, затоа што не знаат ни што имаат напишано, ни како тоа да се реализира. Ова е сигурноста, знаеме како, покажавме дека можеме, затоа сите заедно на 15 јули бројот 3 – да покажеме дека можеме и повеќе и подобро“, повика Спасовски.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион3 часа

Во Грција 25 новозаразени со коронавирус, осуммина се странски туристи

Грчките власти објавија дека регистрирале уште 25 заразени со коронавирус во изминатите 24 часа и дека нема смртни случаи. Од...

Регион4 часа

На изборите во Хрватска гласале 107.000 гласачи помалку од 2016 година

До попладне, околу 107.000 помалку гласачи излегоа на гласање за хрватскиот парламент отколку во 2016 година, покажуваат податоците на Државната...

Забава5 часа

Индиец со златна маска се штити од коронавирус

Индискиот бизнисмен Шанкар Курхаде рече дека платил околу 3.550 евра за златна маска направена по мерка којашто треба да го...

Свет6 часа

Во поплавите во Јапонија настрадаа 16 лица, а 20 се тешко повредени

Најмалку 16 лица загинаа, а 20 се повредени и се во сериозна состојба во западниот дел на Јапонија каде обилните...

Спорт7 часа

Руски голман заврши во болница откако го удрил гром на тренинг

Иван Заборовски, голман на рускиот третолигаш Знамја Труда завршил во болница, откако го погодил гром на тренинг на тимот. Иако...

Македонија7 часа

Регистрирани 115 новозаразени и седуммина починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на...

Топ8 часа

Од куќа во Скопје украдени речиси милион евра

Скопјанец на возраст од 58 години во вечерните часови на 4 јули пријавил тешка кражба во неговиот дом. Според пријавеното,...

Македонија10 часа

Битолчаните кои претрпеле штети од поројниот дожд ќе може да аплицираат за помош од општината

По обилните врнежи од дожд, кои синоќа ја зафатија Битола и по целоноќните интервенции на терен од страна на екипите,...

Македонија11 час

Уролог од Тетово е прв починат доктор со Ковид-19 во земјава

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека во градската болница ,,8 Септември” во Скопје, на 64 годишна...

Топ11 час

Еден загинат и тројца ранети во пресметка со ножеви и пиштол во Батинци

Во вечерните часови на 4 јули во скопската полиција било пријавено дека во градската болница „Св. Наум Охридски“ со повреди...

Европа12 часа

Курц: Правиме сè за да спречиме ново затворање порди коронавирусот

Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна дека сака да спречи ново затворање на земјата, поради што е важно брзо да се...

Свет14 часа

Раперот Канје Вест најави дека влегува во претседателската трка, доби поддршка од Илон Маск

Американскиот рапер Канје Вест во саботата на „Твитер“ објави дека ќе се кандидира на претседателските избори во ноември и ќе...

Свет1 ден

СЗО: Забележан нов рекорд на новозаразени во еден ден

СЗО објави дека во последните 24 часа во светот се регистрирани 212.326 нови случаи на коронавирус, што претставува рекордно зголемување...

Македонија1 ден

147 новозаразени и шестмина починати во изминатите 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.296 тестирања за Ковид-19, а регистрирани се 147 нови...

Европа1 ден

Рација во 15 италијански региони поради снимање и споделување на детска порнографија

Три лица се уапсени во Италија, а 50 се под истрага поради порнографска злоупотреба на деца, вклучително и новороденчиња. Сликите...

Македонија1 ден

Сафет Бишевац позитивен на коронавирус

Сафет Бишевац, кандидат за пратеник од листата на ВМРО-ДПМНЕ, на Фејсбук објави дека е позитивен на коронавирус. Тој вели дека...

Регион1 ден

Расте бројот на заразени туристи во Грција, на Скијатос слетала Србинка позитивна на коронавирус

По случајот со семејство од Белград кое било „депортирано“ од Грција, откако било утврдено дека мажот е позитивен на коронавирус,...

Македонија1 ден

Болницата „8 Септември“ тврди: Ова е ковид болница, нема листа на чекање за итни операции

Болницата „8 Септември“ во Скопје соопшти дека не постои листа на чекање за итни хируршки интервенции. „ЈЗУ ГОБ „8 Септември“...

Европа1 ден

Истрага против поранешниот француски премиер и министри поради Ковид-19

Францускиот специјален суд нареди да започне истрага против поранешниот премиер Едуард Филип и двајца министри за здравство во врска со...

Спорт1 ден

Поддршка за Ѓоковиќ од центарот на Загреб (Фото)

Голем транспарент со поддршка за Новак Ѓоковиќ се појави во центарот на хрватската престолнина Загреб. „Имаме право да дишеме. Стоп...

Досие