Македонија
(Видео) Заев: Целиот свет го признава нашиот прав пат, само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против
На граѓанската трибина ,,На прав пат” во Штип, претседателот на СДСМ Зоран Заев порача дека за разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ е против се што е во интерес на граѓаните.
,,Неразбирливо е како Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ можат да бидат против се, против секоја мерка во интерес за граѓаните. Тие се против ЕУ и НАТО, против реформите, против мерката за поврат на ДДВ, против раст на платите и пензиите, против раст на платите во приватниот сектор, против секоја мерка што враќа пари назад кај граѓаните”, истакна Заев.
Целиот свет го призна нашиот прав пат, само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против и стојат на страна, порача претседателот Зоран на граѓанската трибина во Штип.
,,Не разбираме како може да се против се против поврат на ДДВ против ЕУ и НАТО против повисоки плати и пензии против се се но тоа е нивни проблем.Ние продолжуваме по вистинткито, по правиот пат”, додаде Заев и порача дека освен обнова на криминалот ВМРО-ДПМНЕ не нуди ништо друго.
,,Цврсто решивме државата да ја ставиме на прав пат. И успеавме, еве сме на прав пат. Доволно беа 30 години тапкање во место, конечно дочекавме да станеме модерна држава идна членка на ЕУ и НАТО во која има напредок, квалитетно здравство и образование, неселективно владеење на правото, во која парите завршуваат кај граѓаните”, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев на првата граѓанска трибина „На прав пат“ во Штип.
,,Сега е време за просперитет за државата и граѓаните на повидок се исполнување на стратешките цели на нашата земја. Сработивме се што се бараше од нас. Имаме заслужено право да го чекаме 17 октомври и да добиеме преговори со ЕУ”, додаде Заев. Тој порача дека ЕУ и НАТО стануваат реалност а тоа им го должиме на сегашните и идните генерации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево време со температута од 17 степени, за утре метеоролозите најавија повремени локални врнежи од дожд
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos

