Македонија
(Видео) Запален паркиран автомобил во близина на „Илинденска“, пожарот зафатил и друго возило
Автомобил ноќеска бил запален на паркинг на булеварот Илинденска. Речиси целосно изгоре „голф“, кој бил во сопственост на 40-годишен скопјанец. Поради силината на огнот, пожарот зафатил и друго возило. Сведоци посочуваат дека огнот бргу се раширил.
„Од пожарот било зафатено и патничко возило ‘тојота селика’, со скопски регистарски ознаки, сопственост на А. М. (40) од Скопје“, велат од МВР.
Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Како настанал пожарот и дали е намерно запалено возилото – ќе открива полицијата по увидот.
Ден претходно, автомобил беше запален на паркинг-простор во Аеродром.
„Во 4.15 часот во Полициската станица Аеродром било пријавено дека на булеварот Кузман Јосифовски-Питу настанал пожар во патничко возило ‘рено клио’, со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје, и патничко возило ‘бмв’, со скопски регистарски ознаки, сопственост на А. Р. (31) од Скопје. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје“, соопшти МВР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

